modnatochka.kh.ua

Третирање на аденом на простата со „Зелен ласер“

Greenlight Laser

Зголемена простата или бенигна хиперплазија на простатата е едно од најраспространетите заболувања кај човекот. Симптомите на оваа болест се откриваат кај повеќе од 40% од мажите кои се на возраст над 50 години.

Првите симптоми се: често мокрење и намален проток на урина, а како резултат на тоа мочниот меур е постојано исполнет со остаток на урина што во екстремни ситуации може да биде и до 1,5 - 2 л, па најчесто се јавува инконтиненција – неконтролирано испуштање на урина.

Третирањето со лекови се препорачува и е ефикасно во рана фаза на болеста. Ако со лекарствата не се постигне подобрување на состојбата тогаш се пристапува на операција: аденомектомија или ТУРП. Оваа операција е пропратена соголем број компликации и непријатност за пациентот – од носење катетар до ризик од некои несакани ефекти, како импотенција и инконтиненција – неконтролирано испуштање на урина.

Денес, модерната медицина има решение за овој проблем, а тоа е ФВП– фотоселективна вапоризација на простатата – која се изведува со специјално дизајниран апарат, наречен зелен ласер.

Третирањето со зелен ласер е минимално инвазивна и сигурна алтернатива на хируршката операција на простатата. ФВП е конечна постапка - односно ја елиминира зголемената простата, при што самиот зафат трае околу 60 минути и не постојат никакви посериозни несакани ефекти. Операцијата се прави со посебен ласерски апликатор "Greenlight". Светлосни импулси на зелениот ласер се насочуваат кон ткивото на простатата и ефикасно го вапоризираат и елиминираат аденомот.

Предностите на ФВП во споредба со ТУРП се минимален ризик за појава на компликации и несакани ефекти по извршениот третман. Намалување на симптомите на болеста и општо подобрување на состојбата се забележуваат веќе уште следниот ден - нормално мокрење и мочниот меур е празен.

Значајна предност на оваа постапка е речиси апсолутно отсуство на крварење – па затоа постапката може да се прави дури и кај пациенти кои заради кардиоваскуларни болести земаат лекови за разредување на крвта. Класичната, вообичаена хирушка постапка за отстранување на зголемена простата е поврзана со загуба на крв и речиси е невозможно да се примени  на оваа група на пациенти.

Заради многу малата загуба на крв во текот на постапката со Зелен ласер значително е намалено времето кое е потребно за интервенција, а воедно и анестезијата. Вообичаено катетерот се отстранува уште следниот ден и пациентот ја напушта болницата.

prostate intervention

Во споредба со интервенцијата со „Зелен ласер“ не е познат ниту еден друг од постојните класични методи кој дава такви резултати во третирањето на бенигна хиперплазија на простатата со отсуство на компликации и несакани ефекти. Континуираното следење на пациентите кои биле третирани со ФВП покажува дека во најголем број случаи повторување на симптомите не е забележано во период од најмалку 5 години.

Несаканите ефекти по операцијатадоколку ги има, се минимални и се само привремени. Пациентите веднаш се враќаат во нормала и може да си ги извршуваат сите нивни активности по само неколку дена, а целосното опоравување трае неколку недели. Во ретки случаи може да има малку крв во урината, но тоа не е опасно и не бара никаква дополнителна лекарска интервенција.

Фотоселективната вапоризација на простатата - ФВП (зелениот ласер)  е последно достигнување на современата медицина за третирање на бенигна хиперплазија на простатата и се изведува во водечките клиники за урологија низ целиот свет.

 

Подготвил: Јордан Стефановски

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg