modnatochka.kh.ua

Дали загадувањето на воздухот го зголемува ризикот од Алцхајмерова болест?

air pollution deaths

Загадувањето на воздухот може да предизвика многу повеќе здравствени проблеми отколку некакво „обично“ заболување на белите дробови.

Новите истражувања покажуваат дека ако се вдишуваат ситните штетни честички во воздухот кои потекнуваат од електричните централи и автомобилите, тие може да го нападнат мозокот и да доведат до зголемување на ризикот од деменција.

Микроскопските честички генерирани од фосилните горива се внесуваат во нашето тело директно преку носот и одат до мозочните клетки каде се третирани како напаѓачки честички и се причина за реакции и воспалителни процеси, кои со текот на времето, се влошуваат и може да бидат причина за Алцхајмерова болест или во најмала рака да го забрзаат стареењето на мозокот.

Иако врската помеѓу загадувањето на воздухот и Алцхајмеровата болест е релативно ново научно истражување, веќе постои доказ дека загадувањето на воздухот исто како и тутунот се причини за стареење на мозокот.

За потребите на ова истражување научниците собрале примероци од воздушните честички со помош на најновата технологија и изложувале женски глувци на вештачко загадување на воздухот.

Потоа овие примероци се користени за тестирање на изложеноста и оценување на негативното влијание врз невро-развојните или невро-дегенеративните здравствени ефекти.

Глувците во себе носат одредена генетска варијантаAPOE4 ген, кој го зголемува ризикот за појава на Алцхајмерова болест. Откако биле изложени на загадување на воздухот во период од 15 недели, кај 60 проценти од глувците е забележано зголемување на амилоидните плаки, кластери на протеини кои се поврзуваат со дегенеративни болести.

Воедно, е направена и една анализа на податоци за повеќе од 3.600 жени на возраст меѓу 65 и 79 години. Ниту една од овие жени на почетокот на анализата немала деменција. По анализирањето на одредени варијабли - раса, етничка припадност, начин на живот и општо здравје, откриено е дека постарите жени кои живеат во области каде загадувањето на воздухот ги надминува дозволенитеи безбедни стандарди се соочуваат со 80-90 проценти зголемен ризик за когнитивен пад и зголемена веројатност за развој на деменција, вклучувајќи и Алцхајмерова болест.

air pollution

Негативните ефекти од загадувањето на воздухот врз мозокот се особено забележливи кај жените кај кои е регистриран APOE4 генот.

Доколку овие наоди и калкулации се применат врз општата светска популација, лесно може да се пресмета дека загадувањето на воздухот би можело да биде виновник за околу 21 процент од сите случаи на деменција.

Но, ова истражување има и ограничување. Тоа не докажува со сигурност дека загадувањето на воздухот предизвикува зголемен ризик од деменција бидејќи истражувањата направени со животни честопати не успеваат да дадат слични резултати кај луѓето.

Сепак, експерименталните податоци покажале дека изложеноста на штетните воздушни честички резултира со оштетени неврони во хипокампусот, центарот на меморија и се причина и за двете состојби кои ги спомнавме -стареење на мозокот и Алцхајмерова болест.

Со оглед на горенаведеното една работа е сосема јасна и со сигурност може да се потврди, а тоа е дека овие наоди имаат глобални импликации бидејќи за загадувањето не постојат граници.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg