modnatochka.kh.ua

Европската унија ги забранува амалгамските пломби за деца и бремени жени

amalgam

“Следните генерации на европските деца ќе бидат спасени од токсичните амалгамски пломби”  најави Чарли Браун, претседател на светската стоматолошка организација. Во европската унија почнувајќи од 1 јули 2018 амалгамотќе биде забранет за употреба за деца до 15 години и за бремени жени!

 

Во Кина пред 2000 години, живата се користела за лекување на сифилис.

Во 9-тиот век Арапите користеле  масти со жива или прашок против вошки. Во 1947 година живата се користела како антихелминтично средство и детергент за пелени. Оваа употреба доведла до т.н. “розова болест”, која предизвикала смрт на повеќе од 500 бебиња во Велика Британија.

Во Европа амалгамот е познат преку 150 години, најпрво во Франција како техника за изработка на стоматолошки пломби. Првите забари кои го донеле амалгамот во Америка, биле уапсени како шарлатани. Во Германија за времето на Хитлер тоа претставува задолжително полнење. Амалгамот е поевтин од златото!

За амалгамот нема место во современата стоматологија. Постојат многу докази дека на дневна температура амалгамските пломби лесно ја ослободуваат живата во форма на пареа, за време на јадење, пиење или миење заби.
Едно амалгамско полнење може да ослободи и до 15 микрограми жива на ден; просекот е 10 микрограми. Амалгамските пломби се темпирани бомби.

Живата е познат како опасен канцероген отров, крајно штетен за имунолошкиот систем и претставува зголемен ризик за Алцхајмерова болест.

Амалгамот се состои од 50% жива, а останатите состојки се бакар, сребро и калај. Сите овие супстанции се токсични. Никој не е сосема сигурен каде се депонира живата и кога ќе делува. Кај жените таложењето на живата е во хипофизата, при што настапува хормонален дизбаланс, а тоа е причина за зголемен процент наспонтани абортуси.

 

Живата лесно емитира електрони и формира цврсти комплекси, органски и неоргански соединенија. Живата се врзува со ензимите, кои не можат да ги извршуваат своите задачи, се прекинува функцијата на мембраната на клетките и се нарушува рамнотежата. Електроните се таложат на протеините со хистидин и цистин и ги оштетуваат митохондриите во клетките.

Елементот жива испарува на собна температура. Таа е без мирис и без вкус и продира во секое ткиво, вклучувајќи ги и коските при што ја преминува крвно-плацентарната бариера. Оваа пареа се испушта од забните пломби и е мерлива во издишаниот воздух.

Кај деца се откриени промени на мозокот, поради жива со повисоки концентрации отколку кај возрасни кои имаат 7-8 амалгамски пломби.

Стоматолозите кои работаат со жива имаат најголема стапка на самоубиства и најголем број на невролошки и психолошки нарушувања. Во просек тие имаат 4 пати повеќе жива во хипофизата во споредба со луѓето без амалгамски пломби. 

Живата може да стане причина на разни болести:

Оштетен вид,

слух и говор,

тинитус

Фотосензитивност Недостатокот на моторна координација на мускулите Општа слабост,
Проблеми со концентрација, Депресија

Главоболка –мигрена

Промени во расположението, нервоза, вознемиреност

Чешање на кожата, промена на бојата (црвен нос, образи и усни)

Обилно потење

Несоница

Хипертензија

Тахикардиа

Според тоа, не е тешко да се заклучи дека загриженоста во врска со присуството на овој отров во нашите усти во никој случај не е неоснована.

Вообичаени симптоми на труење со жива:

Рак
Алцхајмерова болест

Паркинсонова болест

Кронова болест
депресија


Ревматоиден артхритис

Мултиплекс склероза
Б
олести на бубрезите
Гастритис
Колитис
Алергии и астма

Последните истражувања за токсичното влијание на различни тешки метали, вклучувајќи алуминиум, олово, арсен, кадмиум и жива – покажаа дека од сите споменати далеку најтоксична е живата.

Одстранување на амалгамски пломби
За време на одтранување на амалгамските пломби се ослободува голема количина на жива и ако не се првеземат соодветни мерки на претпазливост голема доза на жива може да се апсорбира во организмот, а тоа може да доведе до акутни здравствени проблеми.

Чекори кои треба да се превземат за безбедно вадење на амалгамски пломби:

Дишење на нос.

Да се користи студен воден спреј – прскање со студена вода за да се минимизира живината пареа.

Ставање на гумена брана во устата, за да не се проголтат сите токсини кои треба да се  евакуираат со јак аспиратор кој треба да е постојано во непосредна близината на забот.

Откако пломбите ќе бидат  отстранети потребно е веднаш да се измијат устата и лицето ида се исчисти  заштитната облека. Стоматологот треба да  смени ракавици по отстранувањето.

За отстранување на жива со помош на храна се препорачува:

Мешавина на диви лук, лук, кромид, глуварче, нане, коријандер, бреза и коприва.

Шведската асоцијација Ассоциатион оф Дентал Мерцурѕ препорачува најмалку двомесеченрежим за пациентитепред отстранувањето на амалгамските пломби и тоа:

• Витамин Б1 (тиамин) 50-100 мг / ден.
• Ниацин Б 3 / никотинамид 25-500 мг / ден
• Витамин Б6 (пиридоксин) 25-50 мг / ден
• Витамин Ц (аскорбинска киселина) до 1 г / ден
• витамин Е 100-200 мг / ден
• Магнезиум 100-300 мг / ден
• Селен 50-200 мг / ден

Употребата на амалгамски пломби досега беше забранета во Норвешка, Шведска и Данска.

Прашање е дали денталната индустрија треба да ги укине амалгамските пломби? Зошто е таа забранета само за деца и родилки а не и за нас возрасните! Факт е дека овој пазар е многу голем и тоа претставува профитабилен бизнис. Како и многу други одлуки поврзани со лекарства и третирање ова е предмет на материјални интереси, а не на науката.

Извор:

1  4  EEB.org 8. Декември 2016 (PDF)

2 PR Newswire 8. Декември 2016

3 EEnews.net 16. Декември 2016

5 ЈJournal of the American Dental Association 2011; 142; 622-632

Касел, 03.01.2017

Dr.med.sc. B.Bang-Vojdanovski

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg