modnatochka.kh.ua

Дискус хернија - симптоми, причини и третирање

discus1

Дискус хернија најчесто се јавува на возраст помеѓу триесет и педесет години. Причината за ова е фактот што природниот процес на стареење на 'рбетните дискови започнува уште во детството и раната младост, па затоа и не е чудно што болеста може да се јави и кај лица од дваесет години.

Од друга страна, по педесеттата година дискусите губат значителна количина на вода, така што постои помала веројатност од "истекување".

Кога станува збор за лумбалениот или цервикалниот 'рбет симптомите на дискус хернија се разликуваат од лице до лице.

Симптоми на лумбална дискус хернија

  • Болка во долниот дел на грбот
  • Вкочанетост или болка која се движи надолу на ногата
  • Болка во глутеалната регија
  • Вкочанетост или болка во потколениците
  • Болки во регијата на коленото
  • Искривено држење на телото
  • Вкочанетост во нозете
  • Проблеми со контролата на мокрењето
  • Слаба контрола на функцијата на ногата
  • Болка при движења (истегнување на телото, поместување, виткање, ротација)
  • Сексуална дисфункција
  • Студени нозе

Симптоми на дискус хернија на вратните пршлени

  • Вкочанетост на рацете и прстите
  • Болки во рацете
  • Болки во грбот
  • Слабост на мускулите во рацете
  • Болни и ограничени движења на вратот
  • Вкочанет врат
  • Тинитус
  • Главоболки и мигрена
  • Проблеми со очите и видот
  • Болка помеѓу плешките
  • Замор, гадење и вртоглавица
  • Во случај на контакт со 'рбетниот мозок се јавуваат проблеми со целото тело

Што е всушност дискус хернија и кои се причините на болеста?

Дискусот помеѓу пршлените се состои од фиброзен прстен кој го опкружува желатинозното јадро кое содржи многу вода. Со текот на времето доаѓа до слабеење на тој прстен и се јавуваат мали пукнатини при што протекува желатинската содржина - дискус хернија (притисок врз нервите) и тоа води кон добро познатата состојба наречена ишијас. Во прилог на ова се и наследните фактори врз кои не можеме да влијаеме. Дискус хернијата може да биде предизвикана и од прекумерна работа како и заради недоволно релаксирање на 'рбетот. Бидејќи тука нема крвни садови дискусите се хранат по принцип на сунѓер - во исправена положба се зголемува притисокот во нив и се истиснуваат штетните материи, а позиции на одмор или седењепод агол од 45 степени, притисокот се намалува и хранливите материи навлегуваат во дисковите. Современиот начин на живеење со себе носи премногу седење и стоење, а недоволно релаксирање што доведува до лоша хранење и побрзо распаѓање на дисковите. Тука многу придонесува и неправилното држење на телото, дебелината, пушењето и недостатокот на физичка активност, што предизвикува мускулите да слабеат, а со тоа и да се намали потребната потпора на 'рбетот.

discus hernia

Лекување на дискус хернија

Дискус хернијата обично се лекува на конзервативен начин со аналгетици (лекови за намалување на болка и воспаление), со релативно мирување, ставање на студени облози (не се препорачува загревање на регијата бидејќи е можно за се засили воспалението и болката да се интензивира), физикална терапија (ласер, магнет, електрична енергија ...).  Дури по смирувањето на болката се применува кинезитерапија и хидротерапија, односно се препорачуваат вежби на суво и во вода. Лекувањето на дискус хернијата вообичаено трае од неколку недели до неколку месеци.

Хирушка интервенција и период на опоравување

Во случај на сериозни проблеми дискус хернијата мора да се оперира. Постојат причини за итна хируршка интервенција - состојба наречена Kauda Ekvina (кога освен болката се јавува и слабост во нозете, трнење на седишната регија и неможност за мокрење и голема нужда или пак неможност да се задржат телесните течности и фекалиите). По хируршкиот третман, постои шанса остатокот од дискусот повторно да „протече“, а постои и зголемен ризик за брза деградација на останатите дискови. Затоа, овде важи онаа стара поговорка: Подобро да се спречи отколку да се лечи. Сепак, во повеќето случаи компликациите може да се избегнат со правилно држење на 'рбетот и редовно вежбање.

Коментари  

0 # ajuleza 2019-05-13 07:28
http://mewkid.net/buy-amoxicillin/ - Amoxil Buy Amoxicillin qca.njnr.healthinfo.com.mk.xrz.ov http://mewkid.net/buy-amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # ceyaenuxu 2019-05-13 08:03
http://mewkid.net/buy-amoxicillin/ - Amoxicillin 500mg Amoxicillin Online uxs.hkna.healthinfo.com.mk.nhn.ck http://mewkid.net/buy-amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # Maria Emanuelly 2019-05-15 21:40
só gostaria de dizer seu site é fantástico .
parabéns

Meu blog postam ; cartucho para Datador Inkjet LC-065: http://www.waschpark-zeitz.gapsch.de/buch/guestbook.php
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg