modnatochka.kh.ua

Факти или фикции за вагиналната лубрикација

vaginal dryness

Ако читате на интернет, ќе помислите дека целиот свет се соочува со суви и болни сексуални односи и недоволна лубрикација и дека без додатни лубриканти или третмани, жените се осудени да се справуваат со непријатни сексуални односи или пак во целост да го избегнуваат сексот.

Но, тоа не е објективната вистина.

Пред менопаузата, поголемиот дел од жените немаат вистинска потреба за лубриканти освен повремено кога експериментираат. Во периодот на пост-менопауза, само околу половина од жените имаат проблеми со лубрикација.

Што е тоа што ги одделува овие две групи: добрите гени, добрата исхрана, или едноставно среќата?

Кога станува збор за вагиналната еластичност и влажноста, покрај естрогенот и возраста, важна улога имаат и голем број на други фактори. Секако дека одредени лекови имаат негативно влијание, но исто така може да се забележи дека жените кои немале вагинално породување се со поголема веројатност дека ќе се соочуваат со суво вагинално ткиво. Други причини за недостаток на влажност се: несоодветен проток на крв во ѕидовите на вагината што се јавува како резултат на нормалниот процес на стареење, како и медицински проблеми од типот на дијабетес и/или лекување од карцином.

Покрај возраста и здравствените проблеми, друг фактор што придонесува за добрата лубрикација е и редовното практикување секс.

Вагинално подмачкување и регуларни сексуални односи

Редовна стимулација на вагиналното ткиво помага во одржување на протокот на крв, што пак ја зголемува лубрикацијата и еластичноста. Жените кои имале подолга сексуална пауза имаат поголема веројатност да се соочат со сувост на вагината, за разлика од жените кои имаат редовни сексуални односи.

Што треба жената да прави за да го сочува ткиво од пресушување кога нема партнер или кога партнерот е отсутен на подолг период заради работа?

Во многу случаи, промените кои настануваат заради недостаток на сексуални односи може да се спречат. Потребна е креативност и упорност за да се стимулира протокот на крв.  Редовната употреба на вибратор или други сексуални „играчки“ може да помогне во одржување на вагиналната лубрикација и еластичноста на вагината. Тоа е исто како кога одите на фитнес - ќе почнете да уживате откако ќе ви стане редовна навика.

lubricant

Се разбира, ако вашето вагинално ткиво е веќе оштетено, многу тенко и суво, во ред би биле мали корекции и помош на рецептури од типот на вагинален естроген. Едно од најчестите прашања кога се препишува локален вагинален естроген е: Колку долго се применува овој третман?

Во принцип, одговорот е "засекогаш", затоа што кога еднаш третманот ќе се прекине, вагината повторно ќе стане тенка и сува. Но, за многу здрави жени кои имале подолга пауза, локалниот вагинален естроген ќе ја поправи ситуацијата, а потоа со редовно стимулација нема да има потреба да продолжат со употреба.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg