modnatochka.kh.ua

Медицинска измама наречена превенција

sl 63

Во односите со јавноста, медицинската индустрија го користи терминот "превенција", а на тој начин кој не само што ги заведува луѓето, туку исто така, го отвора и патот кон болестите.

Превентивни вакцини?

Вакцините некогаш биле наменети да бидат инструменти за превенција и покрај многу силните против -аргументи. Првичната идеја зад вакцините била спречување одредени вируси и бактерии да се развијат во сериозни болести како што се полио и сипаници. Но, за жал, како и со многу други медицински практики, постои конфликт на интереси помеѓу бенефитот за пациентите и профитот на индустријата. Ова е причината зошто постои постојан пораст на „обавезни“ вакцини на кои сме принудени и кои ни се наметнуваат заради постојаниот публицитет во медиумите.

Ако се следат упатствата на ЦДЦ (центар за контрола на болести) за распоред на вакцинација, едно дете треба да добие 49 дози од 14 типови вакцини до 6 годишна возраст. До возраст од 18 години, ЦДЦ препорачува дека децата треба да добијат 69 дози од 16 видови вакцини.

Освен вакцините, во превентивни мерки се вбројуваат и мамографиите, испитувањето на простата, периодичните прегледи, колоноскопии и сл. Иако овие прегледи кои спаѓаат во категоријата на тестови за рано предупредување и веројатно може да спречат одредена посериозна состојба, тие сепак не претставуваат превенција. Со оглед дека овие испитувања откриваат одредена болест која е веќе присутна, тоа не може да се смета за начин на спречување на болеста.

Добро е за маркетингот, но не е добро за луѓето

Одење на лекар на континуирана основа за т.н. превентивни мерки е генијален бизнис план. Зошто да се фокусира на еднократна услуга кога може да се организираат луѓето да на редовна, периодична основа. Но, за да функционира оваа замисла, треба на најдобар можен начин да се мотивира популацијата, а тоа е стравот. Стравот е она што го движи рекламирањето и маркетинг пораките во целина. Па, кој сака да "добие" рак, Алцхајмерова болест, артритис, грип или било која друга болест, што е опасна по живот? Модерната медицина е специјализирана за ова. И за чудо, тоа го прават многу успешно при што создаваат уште поголем страв. Е тоа претставува ефикасен маркетинг!

medical screening.healthinfo

Раното откривање не значи спречување!

Ниту еден систем на детекција не е всушност превентива во вистинската смисла на зборот. Во најдобар случај, раното откривање може да спречи полоша состојба, но дури и тоа е спорно. Како пример, сеуште не се знае со сигурност дали колоноскопија може да помогне да се намали бројот на смртни случаи од рак на дебелото црево.

Многу истражувања заклучиле дека скрининг тестовите не функционираат онака како што сме се надевале. Наместо спречување на смртни случаи преку откривање на рак на дојка во рана фаза, зголемен е бројот на лекувања, а скрининг мамографијата, главно, открива мали тумори кои би биле безопасни ако се остават без интервенирање.

Затоа, да заклучиме дека раното откривање некогаш може да го спаси животот, но откривањето на болеста не е превенција.

Спречување на кардиоваскуларни болести

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот. Повеќето случаи на срцев удар и мозочен удар може да се спречат, но кардиоваскуларните болести се третираат од страна на индустријата во која се вршат бајпас операции, вметнување на стентови, продажба на бета блокатори и лекови за холестерол.

Наместо да се нагласува едукација за исхрана, намалување на стресот и вежбањето, фокусот се става на чудата на лекови и операциите.

Спречување на болеста би значело намалена потреба за лекови, хирургија или лекари. Во 2010 година, за кардиоваскуларни болести во САД биле потрошени 444 милијарди долари. Тоа се премногу пари за компаниите и системот да се откаже од одржување на луѓето здрави и среќни.

Лекарите кои практикуваат превенција се во малцинство

Иако во малцинство, навистина постојат лекари кои веруваат во превенција. Индивидуалните лекарите треба да се пофалат за нивните напори, но тие не се репрезентативни за високо финансираниот бизнис модел (болест-за-профит), што е практика на медицината. Бидејќи се работи за прашање на страдање и смрт, очигледно е дека постои морална и етичка дилема во процесот. Но, за да се научи превенцијата потребно е одрекување од голем приход.

Кој е одговорен за превенцијата?

Може да се тврди дека превенцијата не треба да биде одговорност на модерната медицина и дека луѓето сами треба да ја преземат одговорноста за сопственото здравје. На прв поглед тоа е точно. Меѓутоа, медицинската индустрија навистина може да се обвини за продажба на вакцини и тестови како превенција, кои во најголем дел не ги спречуваат факторите кои водат до болестите.

fitness.healthinfo

Модерната медицина поседува арсенал на лекови, инекции, операции и прегледи, а не ја вклучува превенцијата во својата листа на услуги, бидејќи превенцијата не е профитабилен потфат. Модерната медицина е раководи од профит и покрај тоа што се пласира како алтруистичка служба за доброто на човештвото.

Секогаш е до вас

Ако сакате да практикувате превенција, мора да донесувате правилни одлуки и да превземате соодветни активности кои се однесуваат на начинот на живот, исхрана, изложеност на токсини и екстремни температури, како и нивото на стрес. Неуспехот да се грижите за себе на таков начин, е она што ги предизвикува повеќето болести.

Вистината е дека вие сте оној кој треба да практикува превенција, затоа што вашиот лекар не е наменет за тоа.

Превземено од http://www.greenmedinfo.com/The Medical Deception Called Prevention

Коментари  

0 # azadiwiyoy 2019-03-29 12:09
http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ - Buy Amoxicillin Amoxicillin fgm.pron.healthinfo.mk.dga.bb http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # exafigerwin 2019-03-29 12:16
http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ - Amoxicillin 500mg Amoxicillin Online gfa.pvhe.healthinfo.mk.zwl.tm http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # qceyabus 2019-03-29 15:13
http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ - Amoxicillin 500mg Amoxicillin Without Prescription tcu.hrrz.healthinfo.mk.adr.ks http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # iqopokubb 2019-03-29 15:21
http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ - Amoxicillin 500mg Capsules 18 mcp.luta.healthinfo.mk.wti.zr http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # iratihuhowidi 2019-03-29 15:22
Amoxicillin Online: http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ Amoxicillin 500mg Capsules rqs.hdbp.healthinfo.mk.geb.vb http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # oheesoko 2019-03-29 15:57
Amoxicillin Without Prescription: http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ Amoxicillin 500mg rvb.kvau.healthinfo.mk.fia.gj http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # ahusoyivimedo 2019-04-16 05:24
Amoxil: http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ Amoxicillin 500mg Capsules lct.mxus.healthinfo.mk.xrt.on http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # uxoxitjecul 2019-04-16 06:03
Amoxicillin 500 Mg: http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/ Amoxicillin No Prescription vad.pqfs.healthinfo.mk.ykw.dd http://theprettyguineapig.com/amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # irozoyvanjip 2019-05-13 23:06
Amoxil: http://mewkid.net/buy-amoxicillin/ Amoxicillin xbs.bbom.healthinfo.mk.ggp.jj http://mewkid.net/buy-amoxicillin/
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg