modnatochka.kh.ua

Информирајте се за Cronobacter Инфекција

bebe

Cronobacter група на бактерии најдена во околината во која живееме и храната. Cronobacter (Enterobacter sakazakii) е микроб пронајден во животна околина со многу суви услови. Cronobacter  е пронајден во сува храна, како што е формулата за новороденчиња, млекото во прав, билни чаевии скроб. Исто така е пронајдена во канализациона вода и може да се најде во друи места.

 Ретка, но многу сериозна болест кај доенчињата

Да се разболат луѓето од Cronobacter не се случува многу често, но тоа е често смртоносна кај младите доенчиња. Тоа обично се случува во првите денови или недели од животот. Типично, има околу 4-6 случаи на заболувања од Cronobacter кај доенчињата секоја година, но не е потребно известување.

Cronobacter бактериите може да предизвикаат сериозни инфекции на крвта (сепса) или менингитис (воспаление на мембраните кои го штитат 'рбетниот столб). Бебињата со два месеци и помлади најчесто можат да развијат менингитис ако се инфициранаи со Cronobacter. Бебињата кои се родени предвреме и оние со ослабен имунолошки систем претставуваат група со поголем ризикм за да се разболат од Cronobacter.

Кај деончињата болеста обично започнува со треска. Тоа обично вклучува лоша исхрана, плачење или слаба енергија. Ако бебето ги има овие симпоми веднаш осете го на лекарска контрола.

novorodeno bebe

 Не само доенчиња

Cronobacter исто може да предизвика дијареа, проблеми во цревата, и уринарниот тракт кај сите возрасти на луѓе. Стари лица и лица кои имаат проблеми со бактерии бидејќи веке се изложени на ризик.

Болести поврзани со формула за доенчиња

Во некои истражувања Cronobacter е пронајден во производството на формулата за доенчиња во други случаи откако ќе се отвори кутијата со формулата или при подготовка. Поради тоа што Cronobacter живее во околината најверојатно има и други извори за оваа ретка болест.

Формулата во прав за доенчиња не е стерилна

Производителите известуват дека со користењето на некои методи, не е возможно да се одстранат бактериите од прашакот со формула за новороденчиња. Прашакот исто може да се зарази откако ќе се отвори. Многу млади бебиња, кои се родени пред време и оние кои се склони кон бактерии се изложени на најголем ризик.

Како најдобро да го заштитите вашето бебе, еве неколку работи што може да направите:

-      Доење. Доењето помага против секакви болести помеѓу новореденчињата. Нема случа за Cronobacter инфекција кај бебиња кои што се доени.

-     Ако вашето бебе мора да се исхранува со формула, одберете формула во течна форма, особено кога вашето бебе е штотуку родено или е многу мало. Течната формула е стерилизирана и не може да содржи Cronobacter  инфекција.

-      Ако вашето бебе користи формула во прашок, следете ги следниве чекори:

-      Исчистете пред да ја подготвите формулата.

-      Измијете ги вашите раце со сапун и вода.

-      Измијте го шишето во машина за садови а потоа добро исушете го во неа, или измијте го шишето со врела вода и потоа стрелизирајте го.

-      Исчистете ја работната површина каде што го припремате напитокот и каде што го миете шишето.

-      Подготвувајте внимателно:

-      Чувајте ја формулата во чиста средина.

-      Кутијата со бебешка формула затварајте ја веднаш по употреба и употребувајте флаширана вода.

-      Употребувајте топла вода за да направите формула.

-      Внимателно промешајте ја формулата во шишето.

-      Проверете ја топлината на формулата пред да му ја дадете на вашето бебе.

hranenje so formula

-      Употребувајте ја брзо и чувајте ја добро:

-      Употребувајте ја формулата во наредните 2 часа од времето на подготовка. Ако бебето не ја допие направената формула фрлете ја.

-    Ако не планирате да ја употребувате направената формула веднаш, ставете ја веднаш во фрижидер во нареднте 24 часа. Фрижидерот го успорува процесот на развивање бактерии и ја зголемува заштитата.

-      Ако се сомневате кога сте ја направиле формулата фрлете ја.

-      Практикувајте соодветна хигиена:

-      Внимателно мијте ги рацете со сапун ивода, особено по употреба на тоалетот или промена на пелени. Секогаш мијте ги рацете:

-      Пред да подготвувате формула или да го храните бебето

-      Пред да ја допрете устата на новороденчето

-      Пред да ја допрете цуцлата или други предмети што одат директно во устата на бебето.

-      Ако  не ви се достапни сапун и вода користете дезифекционо средство. Овие продукти кои се на база на алкохол брзо го намалуваат бројот на абктерии на рацете во некои ситуации, но не се замена за сапунот и водата.

-      Важно е да се чуваат во чиста средина сите предмети што ги става бебето во уста.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg