modnatochka.kh.ua

Совети за убави заби и здрави непца

Nice smile.healthinfo

Текстот кој следи е информативен и се однесува на основните принципи и правила за одржување на оралната хигиена. Примената на овие совети во голема мера ќе ви помогне да имате здрави заби и блескава насмевка. Но, за сето ова да има некаков смисол, прво морате да го совладате стравот од посета на стоматолог и редовно да закажувате контрола на забите.

Доколку посетата на стоматолог ве прави нервозни, пред сè, треба искрено да комуницирате со вашиот стоматолог. Тој/таа го разбира вашиот страв и навистина ќе сака да ви помогне.

Дали прво четкање на забите или употреба на конец?

Употребата на конец за заби пред четкањето на забите е поефикасно за отстранување на храната која е заглавена помеѓу забите. Кога ги четкате забите, бидете сигурни влакната од четкичката да бидат под агол од 45 степени во однос на непцето.

Полека со чепкалките за заби

Ако немате друга опција, чепкалката за заби ќе ја заврши работата за да се отстрани храната која е заглавена меѓу забите, но мора да бидете внимателни и нежни. Немојте да притискате премногу силно и да ги оштетите непцата, или уште полошо да откинете дел од чепкалката и тој дел да се заглави под линијата на непцето. Конец многу повеќе помага за да се отстранат остатоците од храна од забите, ги отстранува наслагите помеѓу забите и на тој начин ќе се ослободите од бактериите кои таму се размножуваат. Редовното користење на чепкалка за заби да се отстранат остатоците од храна во одредена регија може да укажува на поголем проблем кој бара да се обратите на стоматолог.

Replace toothbrish

Заменете ја навреме вашата четкичка за заби

Влакната на четката за заби со текот на времето. Се искривуваат и уништуваат. За вашата насмевка да остане убава и сјајна, секогаш навреме заменувајте ја четката за заби (отприлика на секои два-три месеци). Кога станува збор за електрична четка за заби, следете ги советите на производителот.

Смејте се за бели заби!

Казеинот и протеинот од сурутката која се наоѓа во сирењето може да помогне за одржување на глеѓта на вашите заби во топ форма. Бонус: Калциумот од сирењето, исто така, има витално значење, за цврстата градба на забите. Не заборавајте да вклучите витамин Д во вашата исхрана, бидејќи тоа помага на вашето тело да го апсорбира калциумот. Храна богата со Витамин Д вклучува: млеко, жолчки од јајце, и риба.

Извришете ги дамките на забите со сода бикарбона

Ако редовно пиете кафе, црвено вино, чаеви или други пијалаци кои ги обојуваат забите, обидете се да ги четкате со сода бикарбона барем два пати месечно. Нанесете сода бикарбона исто како и пастата за заби, исчеткајте, а потоа исплакнете. Вашата насмевка да блесне во полн сјај.  Ако обичната сода бикарбона ви ги иритира забите и непцата, обидете се со паста за заби која содржи сода бикарбона.

Храна која може да ги „чисти“ забите

Постои верување дека јагодите имаат својства за природно белење на забите. Но сепак, најдобро е темелно да се чистат забите после јадење, пиење кафе и пушење цигари. За да помогне да се минимизира промена на бојата, прво исчистете ги забите, а потоа може да јадете јаболки, крушки, моркови или целер, при што се активира плунката и забите сами се плакнат, а тоа помага да се задржи светлата боја на вашите заби.

Грижете се за вашиот јазик

cleaning tongue.healthinfo

За да се справите со лошиот здив, секој пат при четкање на забите исчистете го со четкичката и јазикот. Вашиот јазик е место каде се размножуваат бактерии кои се причина за лош здив.

Сува уста

Вашата уста треба да остане здрава, но употребата на лекови, како антидепресиви, лекови за висок крвен притисок, и антихистаминици, може да спречат лачење на плунка и да ја сушат устата. Лековитесе најчестата причина за сува уста. За да ја одржувате вашата уста влажна, зголемете го внесот на течности и прашајте го вашиот стоматолог за одредени производи кои би можеле да ви помогнат. Едно од решенијата би можело да биде и џвакање мастика без шеќер по оброците.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg