modnatochka.kh.ua

Што е Хепатитис Ц (HCV) - Како се открива и како се лекува?

hepatitis c virus

Хепатитис Ц (HCV) е вирус кој предизвикува воспаление на црниот дроб. Тој е дел од семејството вируси кои вклучуваат Хепатитис А и Хепатитис БСите овие вируси се однесуваат поинаку и имаат различни начини на пренесување. Хепатитис Ц може да предизвика сериозни оштетувања на црниот дроб, цироза, рак на црниот дроб, па дури и смрт.

Колку се чести инфекциите со Хепатитис Ц?

Вирусот е најчест кај популацијата родена во поствоениот период (после Втората Светска Војна) и тоа претставува околу 75% од инфицираните возрасни. Заразеноста со Хепатитис Ц била на највисоко ниво во 1970-тите и 1980-тите години, во времето кога многу пост-воени бебиња биле заразени. Многу луѓе кои имаат Хепатит Ц и самите не знаат дека го имаат, бидејќи вирусот може да не предизвикува симптоми дури и неколку децении по инфекцијата.

Како се пренесува Хепатитис Ц?

Хепатитис Ц е болест која се пренесува преку крвта, што значи дека се пренесува преку контакт со заразена крв. Обично вирусот навлегува во телото низ некоја пукнатина на кожата или раничка. Најчест начин на пренесување е преку употреба на нестерилна игла при користење наркотици кога се споделуваат нестерилни игли или прибор со некој кој е заразен (кај наркоманите). Здравствените работници може да се инфицираат со Хепатитис Ц преку повреда со игла.

Blood Testing.healthinfo

 

Пред 1992 година, контролата на донираната крв не била таква како што е денес, па некои луѓе биле инфицирани преку трансфузија на крв. Хепатитис Ц исто така, може да се пренесе преку сексуален однос со заразено лице (исто како и СИДА) или со користење на лични предмети (жилет или четка за заби) од некој кој веќе го има вирусот, но овие случаи се ретки.

Кои се знаци и симптоми на Хепатитис Ц?

Околу 70% до 80% од луѓето со Хепатитис Ц немаат речиси никакви симптоми, особено во раната фаза на болеста. Кај овие луѓе, симптомите може да се појават после неколку години, па дури и после неколку децении, т.е. кога ќе настане оштетување на црниот дроб. Кај други, се јавуваат симптоми во период од 2 недели до 6 месеци по инфекцијата. Просечното време на појава на симптоми е 6 до 7 недели по изложеноста на вирусот. Ново инфицираните лица со Хепатитис Ц може да се соочат со блага до тешка треска, замор, болки во стомакот, губење апетит, гадење, повраќање, болки во зглобовите, темна урина, столица со боја на глина и пожолтување на кожата (жолтица).

Cirosis.healthinfo

Акутен наспроти хроничен Хепатитис Ц

Акутен Хепатитис Ц се однесува на симптоми кои се јавуваат во рок од 6 месеци по првичната изложеност на вирусот. Околу 20% до 30% од оние кои се инфицирани со вирусот на Хепатитис Ц имаат манифестации на акутна болест. По оваа фаза, организмот или сам се ослободува од вирусот или пак се развва хронична инфекција. Хроничниот Хепатитис Ц е долготрајна инфекција. Поголемиот дел од луѓето кои имаат акутен Хепатитис Ц (75% до 85%), понатаму развиваат хронична форма на болеста, но може да немаат никакви симптоми и така што го пренесуваат вирусот на други лица.

Како се дијагностицира Хепатитис Ц?

Инфицираноста со Хепатитис Ц се дијагностицира со неколку тестови на крвта. Се користи тест за проверка на Хепатитис Ц антитела (имуно честички) кои се борат против вирусот. Нереактивен резултат значи дека антитела на вирусот не се пронајдени. Реактивен резултат значи дека се присутни антитела на вирусот, но  овој тест не е во можност да покаже дали инфекцијата е тековна или е од минатото. Постои уште еден тест на крвта за одредување на присуство на генетски материјал од Хепатитис Ц (HCV RNA тестирање). Резултатите од овој тест може да им помогнат на лекарите да утврдат дали Хепатитис Ц е тековен или е од минатото.

Дополнителни тестови на крвта познати како титар“,може да се користат за да се утврди статусот на вирусот во организмот.

Потенцијални компликации од Хепатитис Ц

Хроничен Хепатитис Ц е долготрајна болест со потенцијално сериозни компликации. Околу 75% до 85% од оние со акутна инфекција со хепатит Ц развиваат хронична болест. Од групата наоние со хронична болест, кај повеќе од две третини се јавуваат болести на црниот дроб. Кај 20% се јавува цироза или лузни на црниот дроб, во период од 20 до 30 години. Цирозата на црниот дроб влијае на функцијата на црниот дроб и предизвикува покачени крвни ензими. Околу 5% од луѓето со хроничен Хепатитис Ц умираат од рак на црниот дроб или од цироза. Хроничниот Хепатит Ц е најчеста причина за трансплантации на црн дроб.

Како се лекува Хепатитис Ц?

Tattoo.healthinfo

Постои начин на третирање на инфицираните соХепатит Ц. Текот на лекувањето зависи од следното: Дали инфекцијата е акутна или хронична, генотипот на вирусот, колку вирусот е присутен во телото (вирусно оптоварување), степенот на оштетување на црниот дроб, како пациентот реагирал на претходно третирање и општото здравје на пациентот. Лекувањето за Хепатитис Ц е крајно индивидуално, па затоа е важно да се биде под надзор на лекар кој има искуство во оваа област. Лекови кои се користат за лекување на Хепатитис Ц се:Интерферон (Infergen, Roferon, Pegasys, Pegintron), Рибавирин (Copegus, Rebetol), Босепревир (Victrelis), Телапревир (Incivek), Сипмревир (Olysio) и Софосбавир sofosbuvir (Sovaldi).  Целта на лекувањето е да се постигне одржлив виролошки одговор (ОВО), што значи дека не треба да се забележи вирусот во крвта во период од 6 месеци по третманот. Иако тоа не е вистински лек, постигнување ОВО е следното најдобро нешто што може да се стори. Кај многу пациенти со Хепатитис Ц, со правилно третирање може да се постигне ОВО.

ДалиХепатит Ц може да се излечи?

Околу 15% до 25% од луѓето инфицирани со Хепатитис Ц се ослободиле од вирусот сами од себе. Научниците се уште се обидуваат да утврдат зошто некои луѓе се отпорни на Хепатитис Ц, а кај други се развива болеста.

Во моментов сеуште не постои вакцина за Хепатитис Ц иако многу истражувања се во тек со цел да се открие вакцина против овој вирус.

Може ли да се заштитиме од вирусот наХепатитис Ц?

Инфекциите со Хепатитис Ц се пренесуваат преку крвта. За да се намали ризикот од инфекција, избегнувајте користење на туѓи лични предмети (четки за заби и жилети). Не користете дроги. Тетовирање и пирсинг на телото може да претставува сериозен ризик. Користете кондоми за време на сексот. Здравствените работници треба да превземат мерки на претпазливост за да избегнат повреди од контаминирани игли и други материјали што доаѓаат во контакт со крв.

Разговарајте со матичниот лекар за ризик факторите и следете ги препорачаните стандарди за скрининг.

Постојат вакцини за Хепатитис А и Хепатитис Б.

Healthinfo

Коментари  

0 # sough 2019-06-29 07:28
Test porno - Download free porn videos, play xxx sex movies, watch mobile fucking movies online.
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg