modnatochka.kh.ua

Што е инфективна мононуклеоза? Текот на болеста и како се лекува?

epstein barr virus.healthinfo

Инфективна мононуклеоза која се нарекува и " болест на бакнежи", е многу честа инфекција обично предизвикана од Epstein-Barr вирусот. Инфекцијата се шири преку плунката, а периодот на инкубација е четири до осум недели.

Користење на контаминирани предмети, како што се чаши или четки за заби, може да бидат причина за ширење на инфекцијата.

Повеќето возрасни во крвта имаат (ЕБВ антитела) кои укажуваат на претходна инфекција со ЕБВ и се имуни на понатамошни инфекции.

Симптомите на мононуклеоза се:

  • Треска,
  • Воспаление на грлото
  • Зголемен црн дроб (лесна форма на хепатитис)
  • Зголемување на слезината
  • Замор

Со цел да се спречи руптура на слезената за времетраењето на болеста треба да се избегнува напорно спортување.

Долгорочната прогноза за повеќето пациенти е одлична, а тешки компликации се многу ретки.

kiss.healthinfo

Како се пренесува инфективната мононуклеоза?

Колкав е периодот на инкубација?

Колкав е периодот на контаминираност и какви се можностите за пренесување на болеста?

Мононуклеозата се шири преку директен контакт лице-во-лице. Плунката е примарен метод на пренесување. Инфективната мононуклеоза е особено распространета меѓу тинејџерите. Периодот на инкубација вообичаено трае помеѓу четири до осум недели по првичната инфекција со ЕБВ додека се појават симптомите. Лицето може да се зарази од болеста преку кашлање или кивање, делење заедничка храна или пијалоци.

Повеќето луѓе се изложени на вирусот  уште како деца, а како резултат на таа изложеност, тие имаат развиено имунитет на вирусот. Затоа многумина кои се изложени на ЕБВ никогаш не заболуваат од мононуклеозаПериодот на заразност (кога постои можност  вирусот да се пренесе на други лица) трае најмалку неколку недели, а можеби и подолго, па дури и тогаш кога симптомите целосно ќе исчезнат.

Почетните симптоми на инфективната мононуклеоза се:

  • Општ недостаток на енергија или слабост
  • Замор
  • Губење апетит
  • Треска

Овие првични симптоми може да траат од еден до три дена пред да настапат поинтензивните симптоми на болеста.

Најчести интензивни симптоми на болеста се:

  • Силна болка во грлото
  • Треска, која може да биде постојана
  • Замор и општа малаксаност

Вообичаеносилната болка во грлото е тоа што го поттикнува луѓето да се јават на лекар.

Кои се знаците на мононуклеоза?

Најчестите знаци на мононуклеоза се:

  • Многу зацрвенето грло и крајници
  • Потечени лимфни јазли на вратот што обично се јавуваат на двете страни.
  • Крајниците имаат белузлав слој во најмалку една третина од случаите.
  • Слезината (понекогаш се нарекува најголем лимфен јазол во телото) е орган кој се наоѓа во левиот горен дел на стомакот, веднаш под градниот кош, а кој се зголемува или отекува кај околу половина од заболените пациенти.
  • Рано во текот на болеста (во текот на првите неколку дена), може да се појави времен оток (едем) на двата горниочни капаци.

mononucleosis.healthinfo

Кои се можни компликации од инфективната мононуклеоза?

Во општите, но вообичаено не премногу сериозни компликации спаѓа благо воспаление на црниот дроб или хепатитис. Оваа форма на хепатитис ретко е сериозна и не бара третирање. Овој хепатитис обично исчезнува со подобрувањето на општата состојба. Трауматска руптура на слезината е уште една можна компликација. Отекување на грлото и крајниците, исто така може да доведат до потешки опструкции на дишните патишта. Во ретки случаи инфекцијата во областа на крајниците може да прерасне во сериозен апсцес кој се нарекува перитонзиларен апсцес.

За среќа, тешките компликации од инфективната мононуклеоза се многу ретки кај нормалните и здрави луѓе.

Во повеќето случаи не е потребно некакво поспецифично лекување. Болеста поминува сама од себе на начин како и кај другите чести вирусни заболувања. Третирањето се насочува кон олеснување на симптомите. Достапните антивирусни лекови немаат никакво посебно влијание на севкупниот исход на болеста и всушност само може да го продолжат времетаењето. Понекогаш, заедно со инфективната мононуклеоза може да се појави и стрептокоа во грлото која најдобро може да се третира со пеницилин или еритромицин. Треба да се избегнуваат Ампицилин (Omnipen, Polycillin, Principen) и амоксицилин (Amoxil, DisperMox, Trimox) бидејќи кај 90% од пациентите со мононуклеоза постои можност да се појави осип при земање на овие лекови. Ако тоа се случи, тогаш овие манифестации најчесто несоодветно се сметаат како алергија на пеницилин.

spleen and liver.healthinfo

Чувството на замор може да биде присутно и во текот на неколку месеци по акутната фаза на болеста. Се препорачува пациентите со мононуклеоза да избегнуваат учество во било каков контактен или премногу напорен спорт во периодот од три до четири недели по почетокот на симптомите за да се спречи повреда на зголемената слезина. Пациентите можат да имаат вирусни честички присутни во нивната плунка и до 18 месеци по првичната инфекција. Кога симптомите траат повеќе од шест месеци, состојбата се нарекува "хронична" ЕБВ инфекција или "хронична мононуклеоза."

Која е прогнозата?

Повеќето пациенти со мононуклеоза целосно се опоравуваат без некакви долгорочни проблеми. Заморот може да трае и до неколку месеци по исчезнувањето на треската и другите симптоми. Останати сериозни компликации како што е опишано погоре, се многу ретки.

Дали е можно да се спречи ова заболување?

Инфективната мононуклеоза се пренесува од човек на човек, па затоа е потребно да се избегнува близок, непосреден контакт со инфицирани лица и да се практикуваат стриктни хигиенски практики кои ќе помогат во спречување на преносот на вирусот. Но, всушностсе верува дека лицата без симптоми се примарен извор на преносот на вирусот. Фактот дека до 95% од возрасните имаат ЕБВ антитела што укажува на тоа дека спречувањето на овој вид инфекција е тешко ако не и невозможно

Заклучок

Инфективна мононуклеоза е вообичаено заболување кое е само-ограничено и исчезнува само по себе, иако честопати носи непријатности, а понекогаш може и да се пролонгира. Иако се ретки случаите кога е потребно специфично третирање, потенцијалните компликации се главна причина зошто луѓето со ова заболување треба да бидат под надзор на лекар.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg