modnatochka.kh.ua

Како да се спречи ширењето на Коњуктивитис

zashtita od konjuktivitis

Коњуктивитис предизвикан од алергии не е заразен, вирозен и бактериски коњуктивитис може лесно да се пренесе од човек на човек и може да предизвика епидемија. Вие може да го намалите ризикот да се заразите со коњуктивитис или ако имате коњуктивитис да го намалите неговото ширење со едноставно следење на следниве правила.

Ако имате инфекција (вирозна или бактериска) од коњуктивитис, може да го намалите неговото ширење на други луќе со следење на следниве правила :

- Често мијте ги вшите раце со сапун и топла вода. Ако сапун и топла вода не ви се достапни, употребите средство за дезинфекција на раце со база алкохол (најмалку 60 % алкохо).

- Избегнувајте допирање или чешање на вашите очи.

- Мијте ги очите и околу очите неколку пати на ден. Рацете треба да бидат измиени и потоа со чисто памукче или марамче да се искористи за да се измијат очите и пределот околу нив. По употреба фрлете ги памукчињата или марамчињата, а ако употребувате пешкир веднаш исперете го со врела вода и детергент. Откако ќе завршите измијте си ги рацете со топла вода и сапун.

- Мијте ги рацете по ставање на капки за очи или мас за очи.

- Не употребувајте ги истите капки за очи ако едното око е заразено а другото не, иако се работи за еден човек.

- Мијте ги навлаките за перниците, постелнината, облеката, пешкирите во жешка вода и детергент, рацете мора обавезно да ги измиите по ова.

- Избегнувајте употеба на исти пешкири, ќебиња и навлаки за перници.

- Немојте да делите шминка, четки за шминка, контактни леќи и кутивчиња за нивно чување, дури и наочари.

- Не користете базени кога имате коњуктивитис.

Ако сте во близина на некој кој има инфекција (вирозна или бактериска) од коњуктивитис, може да го намалите ризикот од инфекција со следење на следниве чекори:

- Често мијте ги вашите раце со сапун и топла вода. Ако сапун и топла вода не ви се достапни употребете средство за дезинфекција со база алкохол.

- Веднаш измејте си ги рацете ако сте биле во котактк со инфицирана личност, мијте ги рацете ако има ставате капки во очите на инфицираните лица или ги ставате нивните алишта за перење.

- Избегнувајте допирање и чешање на вашите очи.

- Не употребувајте исти предмети на пример немојте да делите иста перница, немој да ги перете алиштата заедно, пешкири, капки за очи, шминка и наочари.

- Мијте ги, чувајте ги и заменете ги вашите контактни леќи како што ви препишал вашиот доктор.

konjuktivitis

Ако сте имале коњуктивитис и сте се излечиле еве неколку чекори како тоа да не се повтори:

- Фрлете ја шминката што сте ја употребувале додека сте биле ифицирани.

- Фрлете го растворот за леќи што сте го употребувале додека сте биле заразени.

- Фрлете ги леќите и кутивчињата во кои сте ги чувале контактните леќи додека сте биле инфицирани.

- Исчисте те ги наочарите и опаковките за наочари што сте ги употребувале додека сте биле заразени. 

Нема вакцина за да се спречат сите видови на Коњуктивитис.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg