modnatochka.kh.ua

Колку време е заразен за околината болниот од грип?

flu

Оваа година сезоната на грип започна порано во споредба со последниве неколку години, и некои видови на вирусот тешко погодија одредени региони, па затоа е исклучително важно да се биде екстра внимателен. Многумина се особено загрижени во врска со ова, па така често се наметнува прашањето: Колку време е заразен за околината некој кој веќе има грип?

 

Некои луѓе кои се заразени со вирусот на грип, всушност, може да ја пренесат болеста и пред тие да почнат да чувствуваат некакви симптоми.

Во најголем број на случаи, заболениот станува заразен околу 24 до 72 часа откако истиот се заразил со вирусот на грип и таквата состојба на преносител останува во период до пет дена по појавата на симптомите. Но, децата или луѓе со нарушен имунолошки систем може да бидат заразни за околината дури и во период од две недели.

Грипот најчесто се шири во ситуации кога се доаѓа во контакт со респираторните капки од некое заразено лице, најчесто преку кивање или кашлање.

Someone Sneezing

Допирање на одредена површина која претходно била испрскана со капки од респираторните патишта на заболен од грип - и потоа допирање со рацете до носот или устата - исто така, може да предизвика заразување на здравото лице.

Симптомите на грип се:

Треска

Морници

Течење на носот

Главоболка

Болки во мускулите

Топла, зацрвенета кожа и насолзени очи

Слабост или замор

Болки во грлото

Поспаност

Симптомите на настинка можат да бидат многу слични со оние на грипот, па затоа е од голема важност да се добие вистинска дијагноза од лекарот.

cold-flu-symptoms-400x400

Секоја година грипот однесува многу животи, па затоа, сите оние кои имаат нарушен имунолошки систем, хронично болните како и бремените жени би требало да се вакцинираат и навреме да се заштитат од можните последици.

Обработил:

Стефановски Јордан

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg