modnatochka.kh.ua

Калинката спречува болести на коронарните артерии

Kalinka

Иднината на превенција од кардиоваскуларни болести нема да ја најдете во медицинските кабинети, туку во вашата кујнска остава или на дрвото во вашиот двор.

 

Една нова студија објавена во списанието „Артеросклероза“ потврдува дека екстрактот од калинка може да спречи и/или да ја поништи примарната патологија поврзана со срцевите заболувања. Прогресивното здебелување на коронарните артерии предизвикано од таложење масни наслаги е познато како атеросклероза.

На глувци со генетска подложност кон спонтани блокади на коронарната артерија им е даван екстракт од калинка во период од две недели преку водата за пиење, почнувајќи на старост од три недели. И покрај фактот дека третманот со калинка, всушност, го зголемил нивото на холестерол што се поврзува со многу ниската густина на честички со липопротеинска големина, третманот ги намалил и атеросклерозните наслаги во аортниот синус (проширениот отвор над аортната валвула) и оклузивните атеросклерозни наслаги на коронарните артерии.

Kalinka extract

Иако звучи неверојатно, истражувачите открија дека третманот со екстракт од калинка резултираше со следниве корисни ефекти:

Намалено ниво на оксидативен стрес

Намалено ниво на моноцитни хемотактички протеин-1, хемиски     преносник кој се поврзува со воспалителните процеси во рамките на артериите.

Намалена акумулација на липиди во срцевиот мускул

Намалена инфилтрација на макрофагите во срцевиот мускул

Намалено ниво на моноцитен хемотактички протеин-1, и фиброза во миокардот

Намалено срцево проширување

Намалени ЕКГ абнормалности

Pomegranate-Juice

Прашањето е како може нешто толку бенигно и вообичаено како што е екстракт на овошје да влијае и да промени толку многу аспекти на коронарните артериски болести што се потврдува со горенаведената студија? Одговорот можеби лежи во фактот дека нашите предци еволуирале заедно со одредени видови на храна (особено со овошјето) и тоа траело толку долго што недостатокот на соодветни количини од овој вид на храна може да резултира со влошување на функцијата на некои од органите. Всушност, двократниот добитник на Нобеловата награда Д-р Линус Полинг тврди дека недостатокот на витамин Ц е основна причина за кардиоваскуларни болести, а се должи на фактот дека нашите предци некогаш имале  пристап до овошјето преку цела година, што резултирало со загуба на способноста да го синтетизираат.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg