modnatochka.kh.ua

Тестостеронот е клучен фактор на сексуалната функција кај постарите мажи

testosterone

Тестостеронот, главниот машки полов хормон, има витално значење за производството на сперма, еректилна функција, и одржување на сексуалниот нагон.

Со возраста кај мажите, нивото на тестостерон природно се намалува.

Во текот на изминатите 70 години терапијата со тестостерон, се користи кај лица со недостаток на тестостерон, како резултат на болест или стареење.

Иако овој третман има долга историја, но ефективноста на терапијата со тестостерон за сексуална дисфункција кај постарите мажи досега не е доволно испитувана.

Во текот на изминатите 15 години, употребата на тестостерон терапијата е зголемена речиси четирикратно. Ова во голем дел се должи на севкупното зголемување на свестана луѓето како и редовниот скрининг за нивото на тестостерон.

Последните истражувања покажале дека третманот со тестостеронот помага да се подобри сексуалната функција кај помладите мажи кои имаат пониско ниво на андроген поради проблеми со тестисите, хипоталамусот, хипофизата и сл.

Сепак, постојат многу докази за тоа дека третманот со тестостерон може да помогне во лекување на сексуална дисфункција и кај мажите постари од 60 години. Претходните студии биле ограничени во обем и со контрадикторни и неубедливи резултати.

Најголемата студија досега спроведена на 470 мажи ја испитуваше ефикасноста на тестостерон терапијатаво однос на зголемување на сексуалната желба и функција.

Сите учесници биле на возраст од најмалку 65 години и се изјасниле дека имаат ниско либидо. Сите тие имале хетеросексуален партнер подготвен за сексуален однос најмалку два пати месечно. Покрај тоа, секој поединец имал ниско ниво на тестостерон, што е докажано со повеќе мерења.

Студијата траела 12-месеци. Мажите добивале тестостерон гел - најчеста форма на тестостерон терапија - или плацебо гел. Секој од учесниците одговорил на прашалникот за сексуалната функција на почетокот на студијата, па потоа на секои 3 месеци до крајот на истражувањето.

Ефикасноста на тестостерон терапијата

Извршените анализи на резултатите покажаа дека од 12 мерења на сексуалноста, кај 10 од нив секасуалноста била значително подобрена кај мажите од групата кои примале тестостерон. Мерењата вклучуваат фреквентност на сексуални односи, ноќна ерекција, и мастурбација.

Единствените две мерења кои не покажале никакви промени се "флертување" и "дневна спонтана ерекција."

За споредба, кај мажите во плацебо групата не е забележана промена во текот на целата година.

 

Заклучок:

Testosterone injectable

Наодите покажуваат дека ниското ниво на тестостерон е една од причините кои придонесуваат за намалување на либидото и еректилна дисфункција кај постарите мажи. Мажите кои се соочуваат со овие симптоми треба да направат контролно мерење на недостаток на тестостерон.

Истражувачите, исто така, испитувале дали други фактори влијаеле на позитивните резултати, како што е индексот на телесна маса (БМИ), дијабетес или употреба на алкохол. Утврдено е дека ниеден од овие фактори нема значително влијание.

Да заклучиме: Ниското ниво на тестостерон со сигурност претставува една од причините за намалено либидо и еректилна дисфункција кај постарите мажи. Воедно, терапијата со тестостерон ја подобрува сексуалната дисфункција.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg