modnatochka.kh.ua

Диеталните газирани пијалоци наместо да го намалуваат обемот на половината, го зголемуваат

gazirani pijaloci

Пиењето на диетални газирани пијалоци наместо да се обидат да ги намалат килограмите, можат да ги зголемат. Дури полошо, содржината на вештачките засладувачи, може да предизвика појава на дијабетес тип 2. Овие обесхрабувачки вести доаѓаат од истражувачите на Универзитетот во Тексас, Сан Антонио. 

Др. Хелен Хазуда вели дека податоците од истражувањата покажуваат дека рекламирањето на диеталните газирани пијалоци и вештачките засладувачи како здрави алтернативи, може да биде само нездраво советување. Тие можеби се без калории, но не се без последици. Студијата на др.Хадуза е четврта студија која покажува дека конзумирањето на диеталните газирани пијалоци е штетно.

Истражувањето се состоело во анализирање на податоци од 474 учесници, кои биле следени 9 и пол години.

Наодите покажале дека иако обемот на половина на сите учесници се зголемил до одреден степен, кај оние кои пиеле диетални газирани пијалоци, обемот на нивната половина се зголемил за 70%, за ралика од оние кои не употребуваат ниско калорични пијалоци.

Кај оние кои конзумирале два или повеќе диетални газирани пијалоци дневно ,обемот на нивната половина се зголемил 5 пати повеќе, отколку кај оние кои не ги конзумирале.

Иако податоците од пиењето на диеатлни газирани пијалоци не можат да потврдат зголемување на телесната тежина , сепак претходните истражувања покажуваат дека мозокот ги очекува калориите поврзани со слатките пијалоци, па кога такви калории нема, телото почнува да складира повеќе калории како масти.

dete i pijalok

Вештачките засладувачи го имаат ефектот на потикнување на апетиот, но за разлика од обичниот шеќер, тие не испорачуваат ништо што може да го уништи апетитот.

Исто така откриена е и врска помеѓу вештачкиот засладувач аспартам , кој го има во многу диетални пијалоци и нивото на гликоза кај глувците. Истражувачите додавале пченкарно масло во исхраната на 40 глувци , за да им ги зголемат мастите. Потоа на половина од глувците им додале аспартам во исхраната. По три месеци, глувците со аспартам имале високи нивоа на глукоза на гладно, што е показател на состојба пред дијабетичарска фаза или кај дијабетичари.

Употребата на диетални газирани пијалоци и вештачки засладувачи може да го поремети апетитот, но може дури и да ги оштети мозочните клетки.

Др.Хазуда додава дека науката би препорачала пиење вода.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg