modnatochka.kh.ua

7 причини за да внесувате повеќе магнезиум

Magnesium2

Магнезиумот е четвртиот најзастапен минерал во нашето тело и тоа е причината зошто зеленчукот има зелена боја. Но, малку луѓе ја ценат важноста на овој чудесен минерал. Една студија за човековиот геном открива дека 3751 од човековите протеини имаат сврзувачки места за магнезиумот.

Досега знаеме дека овој основен минерал активира над 350 биохемиски процеси во организмот кои имаат за цел да го одржат организмот во функција.

Растенијата се зелени, бидејќи ја содржат молекулата на хлорофил кој има впечатлива сличност со човечкиот хемоглобин (со таа разлика што хемоглобинот содржи само еден кислороден атом и се врзува со железото, а не со магнезиумот).

Затоа, во текстот кој следи ви даваме седум добри причини зошто треба да внесувате повеќе храна која е богата со магнезиум.

 

1. Спречување мигрена

Green-Vegetables

Според професорот по неврологија Д-р Роберт Шапиро од Универзитетот во Вермонт, кој е експерт за мигрена, секоја година речиси еден од пет Американци почувствувале некаков вид на мигренозен напад. Еден од 25 лица имаат главоболки кои траеле најмалку 15 дена во месецот. Овие напади вклучуваат тешки главоболки, чувствителност на светлина и звук како и назална конгестија, проблеми во размислувањето и гадење.

Една студија спроведена на 133 пациенти со мигрена, открива дека дополнувањето на исхраната со 500 mg магнезиум дневно во период од само 12 недели, значително ја намалило фреквенцијата и интензитетот на нападите.

2. Намалена смртност заради болести на срцето.

Во писанието „Артеросклероза“ се наведува дека луѓето со ниско ниво на магнезиум се повеќе од два пати изложени на ризик од смрт заради болести на срцето. Воедно, веројатноста за смрт од сите други причини е намалена за повеќе од седум пати.

3. Справување со дијабетес

magnesium-calcium-pills-2 

Недостатокот на магнезиум е честа појава кај дијабетес од тип 2, особено кај оние пациенти со невропатија или коронарна болест. Една студија од Универзитетот Харвард покажа дека дијабетичари кои земаат по 320 mg магнезиум во период од 16 недели, значително го подобрува нивото на шеќер во крвта, како и нивото на ХДЛ (добариот ) холестерол.

4. Се ублажуваат симптомите на фибромијалгија

Една двојно-слепа, плацебо контролирана студија од Универзитетот во Тексас покажа дека магнезиумот ја намалува осетливоста на болка кај пациенти со фибромијалгија.

5. Намален ризик од рак на дебелото црево

food Mg

Епидемиолошките студии го поврзуваат ниското ниво на магнезиум со повисока стапка на колоректален карцином. Една анализа направена во Кина потврдува дека зголемениот внес на магнезиум е директно поврзан со намалување на ризикот од рак на дебело црево. Кинеските истражувачи анализирале осум студии во кои биле опфатени 338.979 учесници. Нивните резултати кои се објавени во Европскиот Журнал за Клиничка Исхрана, наведуваат дека внесувањето на највисоки просечни дози на магнезиум е директно поврзано со намалување на ризикот од колоректален рак за 11% во споредба со состојбите кога постои внес на најниски просечни дози.

Освен тоа, за секои 50 mg дневно зголемување на магнезиум, забележано е намалување од 7% на појава на рак на дебело црево.

Една друга претходно спроведена мета-анализа од страна на Кралскиот колеџ и универзитет во Лондон покажа дека секое зголемување од 100 mg магнезиум, го намалува ризикот од колоректален карцином за 13%.

6. Изградба на силни коски.

healthy-bones1

Содржината на магнезиум во коските се намалува со возраста. Покрај тоа, шеќерите и алкохолот се причина за загуби на магнезиумот преку урината.

Магнезиумот му помага на калциумот во градењето на коските, но прави и многу повеќе од тоа -го стимулира хормонот калцитонин. Ова помага да се подготви калциумот од крвта и меките ткива и да се врати во коските. Премногу калциум во крвта и ткивата можат да го зголемат ризикот од артритис, срцев удар, камења во бубрезите и остеопороза.

Една студија објавена во американски весник за клиничка исхрана покажа дека зголемување на нивото на магнезиум, а намалување на калциумот до 500 mg на ден е доволно за да се зголеми густината на коските.

7. Намалување на симптомите на метаболитичкиот синдром

Неколку мексикански истражувачи ги споредиле ефектите од орално внесување магнезиум кај луѓе кои се категоризираат како „метаболички дебели“, иако всушност имаат нормална тежина.

Овие поединци имаат индекс на телесна маса под 25, што се смета за нормална тежина. Но, тие исто така имаат хиперинсулинемија и или инсулинска резистенција. Воедно, овие луѓе имаат високо ниво на триглицериди и висок крвен притисок. Како резултат на тоа, овие лица се изложени на поголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести и дијабетес.

Истражувачите испитувале 47 поединци кои имаат ниско ниво на магнезиум. Во една рандомизирана (случајна) двојно-слепа, плацебо-контролирана студија, една од групите добивала дневна доза од 30 ml магнезиум (еквивалент на 382 mg), а другата контролна група добивала 30 ml плацебо раствор.

obesity

Резултатите се објавени во архивата на медицински истражувања. По само 4 месеци, маркерите на метаболитичкиот синдром биле значително пониски во групата која добивала магнезиум. Кај нив бил намален систолниот притисок за 2,1 поени, а дијастолниот притисок бил намален за 3,8 поени, а воедно е забележено и подобрување на нивото на гликоза во крвта за 12,3 поени како и триглицеридите за 47,4%.

Коментари  

0 # xagalnu 2019-06-07 02:43
http://mewkid.net/buy-amoxicillin/ - Amoxicillin 500mg Capsules Buy Amoxicillin Online foi.qjfe.healthinfo.com.mk.dqv.kv http://mewkid.net/buy-amoxicillin/
Одговор на коментар
0 # ixemikeko 2019-06-07 03:23
http://mewkid.net/buy-amoxicillin/ - Buy Amoxicillin Amoxicillin Online cwn.ruri.healthinfo.com.mk.eci.pt http://mewkid.net/buy-amoxicillin/
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg