modnatochka.kh.ua

Кокосовото масло ја зголемува функцијата на мозокот со само една доза

832505-coconut-oil

МЦТ мастите кои се една од состојките на кокосовото масло ја зголемуваат функцијата на мозокот со само една доза. Откриено е дека средниот синџир триглицериди (МЦТ), примарен тип на масти кои се една од состојките на кокосовото масло,

ги зголемуваат когнитивните перформанси кај постарите возрасни лица кои страдаат од сериозни нарушувања на меморијата како кај Алцхајмеровата болест – и тоа не по неколку месеци или денови од третманот, туку само по една единствена доза од 40 мл.

Една пионерска студија од 2004 година, објавена во списанието Neurobiology (Неуробиологија), а која се однесува на стареењето, покажа дека со употребата на овие триглицериди кои се примарен тип на масти од средниот синџир и се содржат во кокосово масло, речиси веднаш се подобруваат когнитивните функции кај постарите возрасни лица со нарушувања на меморијата.

Студијата опфати 20 лица со Алцхајмерова болест или со благи когнитивни нарушувања, на кои во одделни денови им биле давани МЦТ масти во вид на емулзија или плацебо. Истражувачите забележале значителен пораст на нивото на крвна плазма на кетонското тело - бета хидроксилутират (beta-OHB), по само 90 минути од третирањето, а во зависност од генотипот на аполипопротеинот Е на тестираното лице, нивото на beta-OHB или продолжува да се зголемува или останува непроменето во периодот помеѓу 90 и 120 минути од третманот. Важно во сето ова е дека когнитивните тестирања на Алцхајмеровата болест по скалата за Когнитивна Проценка - Субскала (ADAS-cog), покажале дека овој краток третман со МЦТ масти доведе до ефикасно подобрување кај 4 субјекти во рамките на групата од споменатата студија. Покрај тоа, "повисоките вредности на кетоните се поврзани со подобрување на сеќавањата при третман со МЦТ масти во однос на третирање со плацебо и тоа кај сите субјекти.

alzheimers

Студијата била спроведена со двојно-слепо плацебо контролирано тестирање и со две студиски испитувања.

Субјектите билее следени од 20:00 h ноќта пред студиското испитување. Тие пристигнале во утринските часови и им била земена крв за да се утврди нивото на плазма β-OHB и APOE генотипизација ( само при првата посета). Лицата потоа консумирале напивка за тестирање и се одмарале 90 минути, по што им била земена крв, а потоа следела сесија со 30 минитно когнитивно тестирање. По тестирањето, било извршено конечното земање на крв.

Функционирањето на средниот ланец триглицериди

Како е можно само една доза МЦТ масти (40 ml или 2,7 супени лажици) речиси веднаш да предизвика подобрување на когнитивните перформанси кај оние кои страдаат од толку сериозна болест како што е Алцхајмеровата? Образложението се наоѓа во уникатните метаболички потреби на мозокот и во конфигурацијата на самите МЦТ масти. Со оглед на тоа дека гликозата е примарен извор на енергија за мозокот на кој му недостасува гориво, и кога во мозокот постои инсулинската резистенција и неоптимален метаболизам (хипометаболизам), тогаш структурата и функцијата на мозокот се компромитирани. Кетонските тела го обезбедуваат потребниот извор на алтернативни горива во облик на гликоза која може да ги надополни метаболичките процеси во мозокот, што резултира со подобрување на когнитивните функции, речиси веднаш.

kokos

МЦТ мастите не се ни налик на повеќето типови масти кои ние ги консумираме. Заради нивната големина (значително се помали), тие не се складираат во масното ткиво. Со оглед на тоа до 97% од мастите кои ние ги внесуваме се составени од долг синџир триглицериди (LCT) кои имаат 14 до 18 јаглеродни атоми, МЦТ мастите имаат релативно пократка должина на синџирот од 5 до 12 јаглеродни атоми, што ги прави полесно да се апсорбираат и да се користат. Тие првенствено се подложни на оксидирање од страна на црниот дроб, а кога се даваат во доволно големи количини, тие прераснуваат во кетонски тела.

Кој е најдобар начин да се внесуваат МЦТ мастите? Бидејќи ние сме поборници на здрава исхрана во целина, кокосово масло е нашиот главен извор на овие триглицериди, и тоа содржи околу 2/3 (две третини) МЦТ масти во својот волумен. Кокосово масло, исто така, има широк спектар и на други здравствени придобивки, кои веќе ги истакнавме во нашите претходни статии како на пр. "13 лековити својства на кокосовото масло, базирано на докази."

alzheimer desease

Со оглед на сето ова, наместо лекување со кокосово масло или МЦТ како со некој нов нутрицистички "магичен куршум", убаво би било да се обидеме да го измениме начинот на нашата исхрана и да го инкорпорираме како замена за некои помалку здрави масти. На пример, заменете некои од растителните масла кои ги користите со масло од кокос или пак, уживајте во вкусно кари со кокосово млеко како база. Бидејќи 25% од кокосовото млеко е маснотија, а околу 66% од таа маснотија се МЦТ масти, всушност вие сте внеле во себе една здрава доза. Секогаш е добро да се јадат одредени помали количини на ваква и слична терапевтска храна, а со тоа употребата на истата во медицински цели (медицински третман), нема да стане неопходна.

 

Превод и обработка:

Healthinfo.mk

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg