modnatochka.kh.ua

Суплементи и храна за поздрава и поубава коса

beautiful-long-hair

Можеби косата отсекогаш ви била слаба страна. Или можеби таа ја изгубила својата полност и виталност со годините? Да, и косата старее заедно со нас. Во последниве години и мажите и жените се повеќе се осврнуваат на додатоци и суплементи кои се наменети за поздрава и поубава коса со цел да се поттикне растот на коренот одвнатре.

Некои експерти препорачуваат одредени витамини и насочена орална терапија која е потврдена со илјадници истражувања и некакви „реални позитивни резултати.

Дали е навистина можно да се дојде до прекрасна и посакувана коса само со голтање на некакви апчиња? Ние разгледавме пет популарни опции со цел да откриеме што делува, а што не делува на вашата коса.

Вивискал(Viviscal)

Овој скандинавски суплемент содржи силициум (растителни екстракти од коњски опаш), витамин Ц и протеини од риба и е еден од малкуте препарати кои ги препорачува Др. Дорис Деј, дерматолог на многу славни личности во Њујорк. "Сум забележала дека овој суплемент помага за густината и повторното растење на косата, особено околу темето", вели таа. Се зема два пати на ден во првите три месеци, а потоа еднаш дневно.

Дејвид Бабаи, стилист за коса на познатите личности, е фан на овој производ и често го препорачува на неговите клиенти. Тој прв пат забележал дека производот делува кога забележал ветувачки резултати на еден свој клиент. "Во рок од еден месец, забележав раст на нова коса, а по шест месеци косата имаше одлична густина", вели Бабаи, кој и самиот почнал да го користи производот откако косата многу му се проретчила после еден посериозен хирушки зафат.

Биотин

o-BIOTIN-facebook

Некои истражувања покажуваат дека биотинот (дел од Б комплекс витамините) може да ги подобри кршливите нокти и проретчената коса. Многу експерти го препорачуваат суплементот биотин за здрава коса, бидејќи тој е растворлив во вода (што значи вашето тело го излачува она што не му е потребно) и нема никакви несакани ефекти. Па тогаш зошто да не? Постојат многу среќни пациенти кои во моментов користат биотин иако резултатите се поделени и недоволни за да го потврдат успехот.

Пинит (Pinit) Витамин Д

Сончевиот витамин е важен за голем број функции на телото (помага во апсорпцијата на калциум), но експертите ја истражуваат улогата што може да игра за здравјето на косата. Витаминот Д помага во регулацијата на животниот циклус на косата, вели Д-р Паради Мимирани, дерматолог во Медицинскиот центар Параменте, во Валехо, Калифорнија, кој го препорачува како додаток на своите пациенти кои имаат ниско ниво на овој витамин. Експертите не се сигурни за начинот како нивото на витаминот Д во организмот влијае врз растот на косата, но многумина се на мисла дека е добра идејата да се зема витамин Д со цел телото да го добие она што му е потребно за да биде во добра форма. Многу е тешко да се добие доволно витамин Д само со природна изложеност на сонце, па дури и ако се сончаме секој ден, па затоа лекарите често укажуваат на овој суплемент.

Екстракт од Сау Палмето (Saw Palmetto)

Saw palmetto

Овој хербален лек се добива со преработка на плодови од американскиот џуџест бор и се претпоставува дека може многу да помогне за здрава и убава коса, вели Д-р Мимирани. Една мала студија покажа дека 60 отсто од пациентите кои земале екстракт од Сау Палмето како додаток, имале подобрен раст на нивната коса во споредба со само 10 проценти од луѓето кои земале плацебо.

Витамин А

Овој антиоксиданс често и генерално се користи како додаток во формулите на препарати наменети за косата, кожата и ноктите, за подобрување на видот, како и за зајакнување на имунитетот. Иако е важно да се внесе доволна количина витамин А, предозирањето може да биде многу опасно. Витаминот А се растворува во масти, што значи дека доколку не се искористи, вашето тело ќе го наталожи во ткивата. Внесувањето на овој витамин во поголеми количини од препорачаната дневна доза може да биде штетно за црниот дроб, да предизвика замор и мачнина, како и хронично-губење на косата. Затоа секогаш читајте ги етикетите на витамините за да се избегне предозирање.

Витамин Б

Одредени витамини, како и Б6, Б12 и фолна киселина, помагаат при создавањето на црвените крвни зрнца, кои за возврат носат кислород и хранливи материи во клетките на телото, а тоа може да помогне за растот на косата. Железото (од посно говедско месо, мисиркино, пилешко, свинско месо, ракчиња, жолчки од јајце и грав) им помага на црвените крвни зрнца да си ја завршат својата работа.

vitamin b

Витаминот Б12 може да го добиете од школки, лосос, и млечни производи со малку маснотии и без маснотии. Целите зрна и посните протеини како грав, ореви, леќа и зеленолисните растенија се одлични извори на витамин Б6. Фолната киселина, најмногу ја има во леќата, сојата и зеленолисните растенија. И не заборавајте да внесувате доволно протеини. Овој макро-нутриент е важен за растот на клетките, а исто така, ја обезбедува и цврстата структура за косата.

Конечен заклучок:

На крајот можеме да заклучиме дека, ниту еден суплемент не може да биде подобар од она што треба и што можеме да го добиеме на природен начин.Јадете здрава храна, која ги содржи сите потребни хранливи материи и тоа ќе биде најдобриот начин за да имате здрава и прекрасна коса", вели Г-ѓа Кетрин Брукинг, ко-оснивач на appforhealth.com.

Лошата исхрана не може да се замени со суплементи. Затоа е најдобро да се користи комбиниран пристап. Фокусирајте се на подобрување на вашата исхрана и разговарајте со стручни лица (лекар или дерматолог) за витамини и додатоци кои ќе бидат вистинските за вас.

Извор:

http://www.carfintl.org/

http://www.everydayhealth.com/

http://smartypantsvitamins.com/

 

Обработил и изготвил:

Стефановски Јордан

 

 

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg