modnatochka.kh.ua

Витамин К2 : "Заборавен Витамин "

vitamin-k-letter-fbВитамин К2 : "Заборавен Витамин " 

Кога помислуваме на здравје, исхрана и убавина, повеќето од нас сакаат да се чувствуваат поздраво, да изгледаат помлади и да живеат подолго. Доброто здравје е поврзано со еден комплексен спектар на хемиски и биолошки дејства кои се случуваат во клетките на нашите тела.

 

Знаеме дека витамините го обезбедуваат организмот со основните хранливи материи кои се потребни за изградба на коските, за здравјето на срцето и за одржување на нашиот мозок и нервниот систем. Додека повеќето од нас знаат за витамините А, Б, Ц, Д и Е, ние ќе се осврнеме на витаминот К2 - ". Заборавениот Витамин ".

Добро се познати придобивките од витаминот К2 во балансирањето на згрутчувањето на крвта, но  клиничките истражувања исто така ја утврдиле улогата на витаминот К2 во изградбата на здрави коски.

1 . Градење здрави коски

Како дел од семејството на хранливи материи наречени menaquinones (МКС), витаминот К2 помага на телото за искористување на калциумот и за изградба на коските – како на цврстата  надворешна школка така и на сунѓерестото внатрешно ткиво на коскениот матрикс. Целиот скелет постојано се поправа, така што тој целосно се обновува, повеќе или помалку,  приближно на секои седум години.

Еден од најважните протеини во изградбата на коските се нарекува остеокалцин, на кој му е потребен природен витамин К2 за да може правилно да функционира. Кога витаминот К2 е дефицитарен на подолг период, тоа може да доведе до губење на калциумот во коските и намалување на нивниот квалитет.

2 . Калцификацијата во крвните садови

Покрај тоа што витаминот К2 помага за да се поврзе калциумот со нашата коскената структура, овој витамин истовремено го намалува и таложењето на калциумот во крвниот систем. Калцификацијата во крвта ја зголемува вкочанетоста и кревкоста на крвните садови, а понекогаш го попречува нормалниот протокот на крв до и од срцето.

Неодамнешните истражувања недвосмислено ја потврдуваат улогата на витаминот К2 во спречување на васкуларните калцификации.

3 . Кому му е потребен витаминот К2?

За жал, повеќето од нас внесуваат далеку помала количина од оваа корисна хранлива материја од она што е секојдневна потреба на нашиот организам.  Луѓе на кои најмногу им треба витамин К2, со цел да се одржи растот на коските и целосното здравје на кардиоваскуларниот систем се:

  • Децата, бидејќи коските растат и се развиваат поинтензивно во време на детството и адолесценцијата.
  • Жените и мажите над 40 год, бидејќи коскената маса го достигнува својот врв во 20-тите и 30-тите гогини од животот и потоа во 40-тите таа почнува да опаѓа.
  • Постарите луѓе, бидејќи загубите на коскената маса се зголемуваат со возраста, а воедно е потребно и одржување на нашето кардиоваскуларно здравје.

4 . Кои се добри извори на витамин К2

Cheese K2

Во природна форма  витамин К2 може да се најде во храна и производи од животинско потекло, како што се месо, живина, сирења и јајца.

Чиста форма на витамин К2 е menaquinone - 7 ( MK - 7 ). Во научната литература, МК-7 е признат како долготрајна и биоактивна форма на витамин К2 . MenaQ7 е добар извор на витамин К2 и се покажа дека е безбеден и ефикасен за деца и возрасни со дневна доза од  45-180 mcg .

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg