modnatochka.kh.ua

Скрининг методите: неусогласеност помеѓу бенефитот и штетата

Високите очекувања на скрининг методите засега не се докажни!

Мамографија скрининг

 mamogram screening                          

Честитки до Проф. Др. Герд Гигерензер за наведената статија под 1 во литературата “што треба лекарите да знаaт - уметност на комуникација со ризикот”!

Таква јасна претстава посакувам редовно во медицинските списанија за сите мерки кои масовно се применуваат на голем број луѓе, на пример, за вакцинација, профилакса на кардиоваскуларни појави, намалување на антилипидни средства итн.

Предавањето на Проф. Др. Герд Гигерензер  пред 160 гинеколози започна со прашањето: “Една 50-годишна жена, без никакви симптоми, прави рутински скрининг мамограм. Резултатот е позитивен, таа е исплашена и сака да знае дали има рак на дојка... Професорот го прашува аудиториумот колку жени со позитивен тест всушност навистина имаат рак на дојка? Кој еточниот одговор? 9 од 10; 8 од 10; 1 од 10; 1 од 100? Повеќето лекари збунето гледаа во земјата. Не гледајте надолу, погледнете лево и десно” им рече професорот.

Точниот одговор е 1 од 10. Тоа е вистината, од десет жени со позитивен резултат на скринингот само една има рак! Испитувањата покажуваат дека само една од 2.000 жени може да биде поштедена од рак на дојка и дека десет жени непотребно се оперираат, а има и 200 лажно позитивни резултати.

Може да се заклучи дека мамографијата  за скрининг на рак на дојка не дава позитивни предности. Според моите сознанија, независниот швајцарски медицински одбор во 2014 година, исто така, го донесе овој заклучок за Швајцарија.

Скрининг за рак на кожа

Од скринингот се очекува  и намалување на заболените на рак на кожата - кој ќе биде пред се во надлежност на примарната превенција, а ефектите се очекуваат после многу години. Бројот на заболени од рак на кожа се зголемува и до 2030 година се очекува двојно зголемување на бројот на нови случаи!

Види повеќе во категорија новитети Откриени шокантни факти за сончањето - заблуди за заштита на кожата од сонцето” 23.Мај 2016

Melanoma Screening

Намалувањето на смртноста од меланом, сепак, не е соодветен параметар, бидејќи - 25% од пациентите не забележале дека имаат меланом дури и по 6 месеци! (Sindrilaru, A, et al., J Dtsch. Dermatol. Gesellschaft (JDDG) 15:61-69, 2017). Никој не сака да се прекине со скринингот на рак на кожата. Сепак, експертите очекуваат повеќе од оваа скрининг програма. Целта за намалувањето на смртноста од рак на кожа не е постигната,  па затоа се неопходни  подобрувањана на скрининг програмата. Сигурноста и веродостојноста на дијагностиката треба да се подобрат со висок процент.

Една студија објавена во септември 2016 покажа дека со скриниг методата нема значителни промени во инциденцата на рак на кожата. Покрај тоа, не може да се донесе заклучок и за ефектот на прогнозата. Вкупно кај 0.3% од учесниците е дијагностициран малигнен меланом, а кај 2,5% рак на коžата. Нема значителни разлики помеѓу пациенти во скрининг програмата за меланом во споредба со пациенти кои не биле подложни на оваа програма. Авторите заклучуваат дека се потребни резултати со подолг период на набљудување.

ПСА тест

Германското друштво за општа и семејна медицина (DEGAM) на неговите членови им предложи да не ги користат ПСА тестовите како метод за откривање на ракот кај мажи со нормален ризик на простатата.

PREFERE (студија со вредност од 25 милиони евратребаше да биде “историска студија”, но наместо да се стекне со слава настана вистинска катастрофаЗдруженијата: Германска помош за рак, државните здравствени осигурувања и приватните компании за здравствено осигурување, на 31.12.20016 година прогласија крај на проучувањето на четирите опции за третман на рани форми на рак - радикална простатектомија, перкутана радиотерапија, брахитерапија, активно следење во рана фаза, водејќи сметка за несаканите ефекти и компликации.

 Скрининг на простата

Меѓу најострите критичари за користење на ПСА тестот како маркер за рак на простата е нејзиниот откривач, имунологот Ричард Аблин. Како што тврди тој во својата нова книга “измамите за зголемена простата”, нивото на ПСА се злоупотребува за профит и на тој начин се зголемува процентот на несакани ефекти и непотребни третмани.

Литература:

  1. „Was Ärzte wissen müssen – Die Kunst der Risikokommunikation“ von Prof. Dr. Gerd Gigerenzer et al. im Hessischen Ärzteblatt 12/2016, S. 674–680 Mammographie-Screening)
  2. Hautkrebs-Screening: Sinn außer Zweifel. Kreusch, Jurgen

Dtsch Arztebl 2017; 114(9): A-426 / B-370 / C-359

  1. Hautkrebs-Screening: Es wird daran nicht gerüttelt. Fath, Roland Dtsch Arztebl 2017; 114(3): A-82 / B-70 / C-70
  2. Trautmann F, et al.: Br J Dermatol 2016; 175 (5): 912–9. doi: 10.1111/bjd.14758. Epub 2016 Sep 6.
  3. PREFERE-Studie (1): Statt Meilenstein ein Desaster Dtsch Arztebl 2016; 113(50): A-2314 / B-1901 / C-1877  Zylka-Menhorn, Vera 

Dr.med.sc. Boris Bang-Vojdanovski

Касел, Април 2017 година

Подготвил: Стефановски Јордан

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg