modnatochka.kh.ua

Дијабетес тип-2 е речиси 100% излечиво заболување

 

diabetes type 2

Дијабетес мелитус тип-2 е хронична болест која се карактеризира со неефикасна инсулинска функција. Дијабетес тип-2, порано познат како “дијабет кај возрасни”, денес се јавува и во адолесценцијата под 20 години.

Кога се дијагностицира ова заболување поголемиот дел од луѓето со оваа болест имаат прекумерна тежина. Ричиси 30% од светската популација има прекумерна тежина или се дебели, а повеќе од една милијарда луѓе во светот се очекува да бидат дебели, па со оглед на тоа на повидок е и светска пандемија на диабетес тип-2. Истовремено, порастот на дебелината кај сите возрасни групи е главен фактор за појава на хронични здравствени проблеми како што е тип-2 дијабетес. Но, дури и мала прекумерна тежина (индекс на телесна маса 25 - 27 кг/м2) го зголемува ризикот од дијабетес пет до десет пати наспроти популацијата со нормална тежина. Само 5 килограми повеќе од „нормалната” тежина го удвојува ризикот од развој на дијабетес, а при повеќе од 10 килограми, ризикот е дури и тројно поголем. Потенцијалниот дијабетичар тип-2 се храни со (во повеќето случаи) леб, пецива, џем, тестенини, бел ориз, колачи, бисквити, чоколади, сладолед, слатки закуски, засладени млечни производи и засладени безалкохолни пијалоци или засладен чај или кафе.

Конвенционалната медицина ја опишува дијабетес како болест која се карактеризира со покачен шеќер во крвта. Ово “нарушување на регулациата на глукозата” се објаснува како “неспособност на телото да произведе доволно инсулин.” Сепак во реалноста, дијабетес тип-2 не е резултат на недоволно производство на инсулин. Инсулинот е хормон произведен во бета клетките на панкреасот. Ако овој хормон премногу се излачува, резултатот на тоа ќе биде подеднакво брзо намалување на глукозата во крвта.

Остриот пад на глукозата, поттикнува уште поголема потреба за шеḱер и така се создава еден магичен круг. Тоа е всушност резултат на премногу инсулин на хронична основа заради внесување храна со многу јаглени хидрати и исхрана со малку маснотии, па така инсулинските рецептори не можат правилно да реагираат и настапува “инсулинската резистенција.” Примарната улога на инсулинот е да се спаси дополнителна енергија за неопходната идна потрошувачка. Неговата способност за намалување на крвниот шеќер е само “несакан ефект” на овој процес за складирање на енергија.

Истото се случува со лептинот, хормон (откриен 1994 година) кој го регулира апетитот, а кога тој расте истиот дава сигнали да се престане со јадење.  Кај диабетес тип-2 настапува лептинска резистенција, така што кога мозокот не реагира на лептинските сигнали, настапува хронична глад, премногу јадење, неспособност за метаболизирање на мастите, настапува гојазност и на крајот преддијабетес тип-2. Со превенција преку исхраната и здрав начин на живот преддијабетес тип-2 лесно се регулира. Од висок крвен шеќер и слаба понуда на витамин Ц, во клетките кај дијабетичарите се формира сорбитол (шеќерен алкохол – Е 420), па така метаболизмот  во клетките престанува. Од ова оштетување страдаат малите крвни садови на ретината и на нервите (невропатија и заматување на леќата-катаракта). Клетките во телото на тип-2 дијабетес (особено на мускулите, црниот дроб и масните клетки) не можат или тешко го откриват инсулинот и затоа не дозволуват глукозата да влезе во внатрешноста на клетката. Шеќерот останува во крвта иако клетките имаат голема потреба за него, па и понатаму емитуваат сигнали “нам ни треба глукоза”. Како резултат на тоа, панкреасот произведува повеќе и повеќе инсулин, бидејќи се чини дека произведената количина на инсулин не е доволна.

Третирањето на ова болест бара доживотно следење на нивото на шеќерот во крвта, здрава исхрана, редовно вежбање и по потреба антидијабетски лекови. 

Предијабетес

Во овој случај е нарушена глукозната толеранција. Терминот се користи кога глукозата  во крвта е 100-125мг/дл. односно 5,6 ммол/л. После јадење глукозата расте и преку 140 мг/дл (7,8 ммол/л). Во раната фаза на дијабетес, клетките стануваат отпорни на инсулин, па овој хормон станува неефикасен. Како последица на тоа, глукозата не може да влезе во клетките и се насобира во крвта предизвикувајќи воспаление наречено метаболитички синдром.

Предиабетес може да се спречи релативно лесно. Едноставно е потребно да не се користи преработена храна, да се употребува помалку шекер и да се практикуваат секојдневни вежби. Здравиот начин на живот не само што може да го спречи дијабетес тип-2, туку со соодветно внимание на исхраната шеќерната болест може да се лекува, а во поголем дел од случаите не се потребни ниту додадтни лекови. Многу научни анализи потврдиле дека фруктозата е примарен фактор за заболување од  дијабетес. Стандардната препорака е вкупниот внес на фруктоза да биде помалку од 25 гр. на ден, а тоа се шест лажички. Ако се присатни знаци на инсулинска резистенција, како што се повишен крвен притисок, дебелина или срцеви заболувања, би било мудро вкупната потрошувачка на фруктоза да се ограничи до 15 грама (2-3 јаболка) или помалку.

Фактори на ризик за дијабетес:

  • Дијабетес во непосредното семејство или роднини од прв степен.
  • Вишок на телесна тежина.
  • Високо ниво на триглицериди, срцеви болести, депресија.
  • Метаболитички синдром (висок холестерол и високи триглицериди во комбинација со хипертензија и дебелина).
  • Acrochordon -skin tag - фиброепителијални полипи на кожата, бенигни израстоци  кои имаат 80 проценти корелација со дијабетес.
  • Полицистични јајници
  • Новороденче повеќе од 5 кг
  • Афроамериканци, жители од Аљаска, Индија, Азија, шпански и пацифички острови со генетско наследство
  • Пиење само еден засладен пијалок дневно го зголемува ризикот од дијабетес за 25 % во однос ако се пие само еден засладен пијалок месечно
  • Терапија со статини (лекови за смалување на холестерол) до 87 %
  • Научниците од Хелмхолц Центарот во Минхен и други германски истражувачки институти овие денови во весникот “Дијабетес”објавија дека, со зголемување на загадуваачките материи во воздухот се зголемува и ризикот од развивој на дијабетес тип-2.                                                                                                                             

Алисон Силветски, професор на Институтот Милкен во Вашингтон објави дека:во 1999 година само 8,7 проценти деца земале храна со засладувачи (аспартам, сукралоза и сахарин), а 13 години подоцна, тој број се зголемил на 25,1 проценти. Резултатите се важни, особено за децата, затоа што некои студии укажуваат на врската помеѓу засладувачите и дебелината, дијабетесот и други здравствени проблеми. Термините „лајт” или „нискокалорично” обично значат дека производот содржи аспартам или сукралоза кои се штетни, особено за децата.

Селен повеќе од 55 микрограми дневно.

Во март 2015 година, Светската здравствена организација (СЗО) излезе со ревидирани упатства, со цел да се намали количината на шеќер на 10 % и идеален однос кој е помалку од 5 % од дневните калории.

Знаци на диабетес:

Прекумерна жед,                             прекумерно мокрење Екстремна глад (и после јадење)
Мачнина и повраќање Невообичаено дебелеење или слабеење
Зголемен замор Раздразливост
Заматен вид Споро зарастување на рани
Инфекции на кожата, уринарниот и вагиналниот тракт Неосетливост или трнење во рацете и/или нозете

Денес конвенционалната медицина се уште се фокусира на помош со лекови за намалување на крвниот шеќер. За жал, луѓето со дијабетес имаат зголемен ризик за различни други болести кои се опасни по животот: болести на срцето, мозочен удар, хипертензија, Алцхајмерова болест, слепило, периферни нервни болести, оштетување на бубрезите што води до ренална инсуфициенција, импотенција, кожни болести, глауком, катаракта, ретинопатија, гингивитис, пародонтитис, ампутација на нозете,  дијабетична невропатија, глувост, склероза, бактериски инфекции, габични инфекции, дијабетична дермопатија, дијабетични плускавци, гранулома ануларе, чиреви на нозете итн.

Апчињата за дијабетес треба да се избегнуваат што е можно подолго.
Антидијабетичните таблети го намалуваат нивото на шеќерот во крвта преку стимулирање на панкреасот со цел да се произведе повеќе инсулин. Ова, конечно, значи дека клетките кои го произведуваат инсулинот, побрзо ќе бидат исцрпени.

Профилакса:

Вежбање

Вежбањето е многу важен дел од третирањето на дијабетес тип-2.

Редовната физичка активност, најмалку 30 - минутна прошетка најмалку три дена, па дури и секој ден во неделата. Телесната тежина треба да се намали.

Од дијабетес тип-2 погодени се главно постарите и дебели луѓе, па се препорачува лесна форма  на вежби, како што се одење, возење велосипед, пливање, гимнастика и танцување. Претходно е потребно да се провери крвниот притисок и да се направи ЕКГ за да се исклучат можните аритмии.

Освен тоа, треба да се потенцира зголемувањето на секојдневните активности, како што е на пример качување по скали итн.

Во првата фаза на вежбањето, мускулите ја користат слободната глукоза, која потоа се дополнува од внатрешнато распѓање на мускулниот гликоген на локално ниво. Гликогенолизата во скелетните мускули се разликува од онаа во ткивото на црниот дроб, бидејќи ја нема глукоза-6-фосфатаза која го катализира гликогенот во глукозата. Ова значи дека енергијата ослободена од глукоза преку гликогенолизата може да се користи само од скелетните мускули, а не може да се користи во циркулацијата и за достава до другите ткива. Покрај глукозата од гликоген, работните мускули ја трошат и глукозата од циркулациата. Освен на метаболизмот кај глукозата, редовната физичка активност влијае на метаболизмот на мастите, крвниот притисок, ендотелната функција и на некој начин на инфламаторните цитокини, па така се намалува кардиоваскуларниот ризик. Многу е важно  да се постави за цел движење со по 5.000 до 10.000 чекори дневно ( 4 до 9 км).

Исхрана

“Храната треба да биде лек а лекот храна!” Оваа изрека од Хипократ е стара повеќе од 2000 години. Исто така, позната е и старата вистина: превенцијата е најдобар лек. Исхраната со доволно витамини, минерали, свежо овошје, зеленчук, цели зрна и млечни производи ја зголемува отпорноста на инфекции, ги спречува болестите, а меѓу нив и дијабетесот. Исхраната со драстично намалено користење на шекер, особено фруктоза. Фруктозата (овошен шекер) е многу повеќе штетна отколку било кој друг вид на шеќер. Белиот шеќер содржи 50% фруктоза. Ако дневните калории од шеќер достигнат 18 проценти од целекупната исхрана, постои двојно зголемување на ризикот од метаболитичка штета, предиабетес и дијабетес. Фруктозата слично како и алкохолот и другите отрови го оштетува црниот дроб со појава на митохондријална и метаболитичка дисфункција, затоа што полесно се метаболизира во масти од било кој друг вид шеќер. Догматското верување дека “една калорија е една  калорија” придонесе за постојано влошување на здравјето во целиот свет. Тоа е погрешно толкување, најопасни се калориите од фруктозата. Многу бебиња и мали деца се хранат со премногу шеќер. Многу родители не сфаќаат дека доенчинњата добиваат значителни количини на шеќер и скроб, што го отвора патот за хронични болести уште од првиот ден. Комбинацијата на маснотии и слатко не е добра.Треба да се направи промена во начинот на исхраната, и да се зголеми преку храната внесот на баластни материи - влакна. Постојат два вида баластни материи: растворливи и нерастворливи во вода. Растворливите во вода, во цревниот тракт го забавуваат процесот на варење -што резултира со подолго чувство на ситост. 

Нерастворливите влакна, го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево, спречуваат запек и помагаат во одржување на телесната тежина. И двете врсти на баластни материи треба да бидат застапени во здравата исхрана.

 

Најдобри извори на баластни материи:

чиа семиња бобинки бадеми
карфиол

зеленчук  кромид

слатки компири

грав

цимет

грашок брокула пуканки
боранија чили ленено семе

Газираните пијалоци немаат место во дневната исхрана бидејќи се полни со шеќер.  “Диеталните” безалкохолни пијалаци и другите вештачки засладени пијалоци се повеќе штетни отколку корисни за метаболизмот и здравјето.

Vlakna i zelencukЦревната флора е многу важна за здравјето. Исхрана со традиционално ферментирана храна и пробиотици е најдобар начин да се постигне оптимално здрава дигестивна флора. Здрав избор се: кефир, кисела зелка, репа, краставици, кромид, моркови и нато (ферментирана соја).

Како делува ферментираната храна:

• Спречува дебелина и дијабетес
• Спречува цревни заболувања
• Го намалува ризикот од рак
• Го подобрува расположението и менталното здравје
• Спречува појава на акни и кариес

Само една четвртина до една половина чаша ферментиран зеленчук дневно  има големо позитивно влијание врз здравјето.

Маитаке габите имаат хипогликемично дејство, се зголемува чувствителноста на инсулин од клетките, а со тоа се подобрува превземањето на глукозата во клетките. Маитаки габите го намалуваат крвниот притисок, па затоа е потребно редовно мерење на крвниот притисок.

Во последно време многу е актуелен  интермитираниот пост (на пример апстиненција од храна од 17.00 -11.00 часот), што е далеку најефикасен начин за да се потрошат несаканите маснотии и да се елиминира желбата за шеќер. Доллжината на повремениот пост мора да биде најмалку 14-16 часа. Ова значи дека е дозволено да се  јаде само помеѓу 11.00 и 19.00 часот, а тоа едноставно значи дека треба да се прескокне појадокот. Времетраењето на метаболизмот на гликогенот трае околу шест до осум часа, а потоа настапува согорувањето на мастите. Три часа пред спиење дозволено е само пиење вода. Освен на слободните кетони како спореден производ на согорувањето на мастите, повремениот пост влијае и на функцијата на мозокот така што го зголемува производство на еден протеин – наречен мозочен невротропен фактор (BDNF - brain derived neurotrophic factor). БДНФ ги активира матичните клетки кои се трансформираат во нови нервни клетки и го поттикнува производство на бројни други хемикалии кои се корисни за здравјето. Овој протеин, исто така, ги штити мозочните клетки од промени поврзани со Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест.

Транс-масните киселини во индустриските производи го зголемуваат ризикот од појава на дијабетес за 40 % доколку дневниот внес е повеке од 3 грама дневно. Тие треба да бидат исфрлени од исхраната!

Здрави масти се заситени и моно-незаситени  (кокосово масло, авокадо, путер, ореви и животнски масти). За оптимално здравје дневно е потребно да се внесат калории во форма на здрави масти и тоа 50-85 %. Додавање на полномасни млечни производи во дневната исхрана може да го намали ризикот од дијабетес. Денес, млекото се произведува во големи фарми каде што животните немаат природна сончева светлина, се хранат со генетски модифицирана пченка и производи од соја и добиваат големи количини на антибиотици и стероиди. Пиење млеко произведено под овие услови може да биде и опасно, па затоа млекото се пастеризира. За жал, процесот на пастеризација ги убива повеќето ензими и хранливи материи. Од друга страна селективно се отстранува путерот поради производството на обезмастено млеко.Без путерот (маст) нашиот организам не може да ги апсорбира витамините растворливи во масти.

Омега-3 масните киселини припаѓаат на групата есенцијални масти, а тоа значи дека ние треба постојано да ги внесуваме, бидејќи нашето тело не може само да ги произведува.

Овие масни киселини учествуваат во: производство на хормони, синтеза на протеини, клеточниот метаболизам, спречување на воспаленија, потребни се за влажност и еластичност на кожата и косата, за формирање на имуни клетки, подобрување на отпорноста на инсулин и друго. Доколку не се јадат масни риби (лосос, харинга,туна, пастрмка или скуша ) кои се богати со 3 омега масни киселини, потребно е да се земаат во форма на супплементи во капсули - најмалку 1-3 грама на ден.  Во случај на настинка - грип се препорачува 4 пати по 2 грама дневно.

Лененото масло и маслото од ореви содржат алфа-линоленска киселина, која во нашето тело  се претвора во здрави омега-3 масни киселини.

Losos i D3

Дневна потреба на протеини е 40-70 грама на ден.

Протеинска табела на исхраната:

100 грама црвено месо, свинско, живина и морска храна  обезбедува 18-27 гр. Јајце содржи околу 6-8 гр.
Семиња и јаткасти плодови 4-8 грама протеин во четвртина чаша Варен грав 6-8 гр. во пловина чаша
Варени зрна  5-7 грама по чаша 100 грама зеленчук 3-7 гр.

 

Витамини, минерали и олигоелементи

Линус Паулинг – основач и пионер на ортомолекуларна медицина (двократен добитник на Нобелова награда ) смета дека за зачувување на здравјето  е потребно внесување на микронутриенти - супстанции (витамини, минерали и олигоелементи) кои вообичаено се присутни во телото.

Linus Paulind

Ортомолекуларната терапија е од витално значење за дијабетес мелитус.

Многу витаминии минерали се од голема корист за профилаксата и терапијата на дијабетес тип-2. Меѓу нив се: Витамин Ц  најмалку 1000 мг дневно. Пушачи 2 гр. и повеќе дневно. Во случај на грип 4 пати, па и повеќе по 2 грама дневно. Витамин Е -  200-300 ИЕ дневно го намалува ризикот од згрутчување на крвта и го намалува воспалениетоЦинк 10- 20 мг на ден. Хром 200 – 500 мкг дневно и Алфа липоична киселина 200-400 мг дневно го зголемуваат дејатвото на оралните хипогликемични агенси  (глибенкламид, глимепирид, метформин, репаглинид, розиглитазон). Цимет - половина лажичка дневно значително го намалува крвниот шеќер. Овој зачин го подобрува метаболизмот на шеќерот во масните клетки. Селен 50 микрограма дневно, ја подобрува абсорпцијата на инсулинот во клетките. Коензим Q10  50-100 мг/ дневно го намалува нивото на шеќер во крвта за 30 % и ја стимулира продукцијата на инсулин. Во подобра форма за ресорпција е  Убиквинол  50мг/ден, Л – Аргинин 1000 мг дневно.

Амино киселината Таурин е силен антиоксиданс кој делува анти-воспалително и ја штити клеточната мембрана (ретината, нервниот систем). Ја намалува тенденцијата за формирање на тромбоцитни грутки. 

Витаминот Д3 е еден од најважните витамини за дијабетес. За разлика од другите витамини кои треба да се конзумираат со исхраната,  ВитаминотД може да се синтетизира  со  изложеноста  на кожата на УВБ зрачење  и фото-синтетичната реакција. Ефектот  на производство зависи од бројот на УВБ фотони кои продираат во кожата. Витаминот Д помога на бета клетките на панкреасот подобро да функционираат и да се зголеми чувствителноста на телото за инсулин. Пациенти со диабетес тип-2 имаат значително помало ниво на Витамин Д во однос на здрави лица. Децата кои редовно внесуваат Витамин Д (2000 единици дневно) имаат 80 % помал ризик да заболат од диабетес во наредните 20 години. Хроничниот недостатк на Витамин Д не може да се излечи преку ноќ. Тоа трае неколку месеци со изложување на сонце или со додатна суплементација.

Препораки за дозирање на витамин Д 3
Старост (години) Дозирање
Под 5 70 ИЕ на кило
Од 5 - 10 2500 ИЕ
Од 18 - 8000 ИЕ
Трудници 8000 ИЕ

Организмот на пациенти со хронична бубрежна болест не е во состојба да произведе активна форма на Витамин Д. Ако Витаминот Д3 се внесува парентерално, важно е дополнително да се внесува и Витамин К2.

Види повеќе во категорија новитети Откриени шокантни факти за сончањето - заблуди за заштита на кожата од сонцето“ 23.Мај 2016

Витамините од групата Б играат централна улога во метаболизмот на јаглени хидрати. Б витамините го стимулираат метаболизмот на шеќерот и нервите. Бидејќи овие витамини се растворливи во вода, кај дијабетичарите има поголеми губитоци во урината. Витамините Б1 (тиамин), Б6 (пиродоксин), Б7 (биотин) и Б12 (метилкобаломин) се одговорни за снабдување со енергија на нервниот систем. Недостатокот на фолна киселина (Б9 и Б11) може да го зголеми нивото на хомоцистеин во крвта кај дијабетичарите. 30% од сите дијабетичари имаат покачено ниво на хомоцистеин. Хомоцистеинот предизвикува големо васкуларно оштетување и драматично го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар.

Метформин (лек за намалување на шекерот во крвта) предизвикува нарушување на апсорпцијата на витаминот Б12 и истиот треба да се зема како додаток на исхраната. Метформинот е погоден за пациенти со дијабетес тип-2, каде што исхраната и спортските активности не покажуваат ефект. Фолната киселина  е всушност Витамин Б, а дневната потреба е 0.8 -1.0 мг дневно.

Витаминот Б12 е растворлив во вода и не се создава во нашиот организам, што значи дека треба да го внесеме преку исхраната или како суплемент (метилкобаломин). Витаминот Б12 игра улога во производството на  ДНК и РНК и тесно соработува со фолатите во црвените крвни клетки при производство на С-аденозилметионин, кој е вклучен во функцијата на имунолошкиот систем. Витаминот Б12 е важен за централниот нервен систем, вклучувајќи го и преносот на нервните импулси.

Б12

Недостатокот на витаминот Б12 е честа појава кај постарите луѓе. Тоа е затоа што стомачната киселина се намалува со староста, а истата е важна за апсорбцијата на Витаминот Б12.

Витаминот Б12 игра улога во:

Функција за правилно варење, ресорпција на железо, метаболизмот на јаглени хидрати  и масти Функција на нервниот систем

Нормален раст и развој на нервите

Регулација и формирање на црвените клетки Формирање на клетки и долговечност Правилна циркулација
Продукција на надбубрежни хормони Здрава функција на имунолошкиот систем Подршка на женскиот репродуктивитет, здравје и бременост
Чувство на благосостојба и регулирање на расположението Ментална јасност, концентрација и меморија Телесна емоционална и менатлна енергија

Витаминот Б12 е достапен во својата природна форма само во храна од животинско потекло: див лосос, јајца, говедско месо и црн дроб, пилешко месо и др.

Витамин Б3 (ниацин) е природен витамин кој не само што го намалува нивото на шеќер во крвта, туку ги намалува и несаканите ефекти од дијабетес, како што е периферното оштетување на нервите и масните заболувања на црниот дроб.

Магнезиум

Недостатокот на магнезиум е честа појава кај дијабетес тип-2, особено кај оние пациенти со невропатија или коронарна болест. Лабораторијски е докажано дека 50 % од болните имаат недостаток на овој минерал. Една студија од Универзитетот Харвард покажа дека дијабетичарите кои внесуваат по 320 мг магнезиум во период од 16 недели, значително го подобруваат нивото на шеќер во крвта, како и нивото на ХДЛ (добар) холестерол. Магнезиумот служи како храна на клетките  доколку се земаат ефективни лекови на калциумовите канали наречени блокатори. Магнезиумоте ко-фактор во  активирање  на  над 300 различни биохемиски реакции во организмот, вклучувајки: производство на енергија, синтеза на протеини, формирање на нови клетки, активирање на Б витамин, релаксација на мускулите, функција на срцето, бубрезите, мозокот и нервниот систем.  Магнезиумот, кој се внесува во телото преку храна,  во желудникот  преминува во  магнезиум хлорид.  Ова е причината зошто  магнезиумот  во  форма намагнезиум хлорид на може директно и без било какви штетни несакани ефекти да делува во организмот.

Германското друштво за исхрана (ДГЕ) препорачува вкупниот внес на магнезиум за возрасни да  биде  300 до 400 милиграми. Магнезиумот  треба да биде внесуван во организмот во доволни количини, бидејќи организмот не може  сам  да произведува магнезиум.

Знаци на недостаток на магнезиум се: вкочанетост и пецкање, мускулни контракции и грчеви, напади на аритмија, коронарен спазам, губење на апетит, главоболка, гадње и повраќање, замор и општа слабост.

Ниското ниво на магнезиум го намалува ефектот на инсулинот.

Ниско ниво на магнезиум е поврзано со:

  1. Прекумерна доза на CO2 или кофеин
  2. Менопауза
  3. Постарите возрасни лица имаат дефицит на магнезиум бидејќи апсорпцијата се намалува со возраста.
  4. Одредени лекови (диуретици, одредени антибиотици - гентамицин и  тобрамицин, кортикостероиди, антациди и инсулин.
  5. Оштетен дигестивен систем (Кронова болест итн).

Види повеќе: Синергијата на Витамините Д и К2 со магнезиумот и калциумот, напишано од Healthinfo, Објавено на 08 Април 2016 Категорија: Суплементи

Храна која ќе ја задоволи потребата за слатко

Доматот е ефикасен против желбата за слатко, бидејќи содржи високо ниво на триптофан – есенцијална амино киселина која мора де се внесува со храната. Оваа амино киселина го намалува апетитот и учествува во изградбата на серотонин. 

Domat i jabolko

Доматите се богати со хром, минерал кој ја исто така ја намалува желбата за храна и го регулира нивото на холестерол и шеќер во крвта.
Јаболкото е идеално за да ја задоволи желбата за слатко. Ово овошје е богато и диетални влакна кои даваат чувство на ситост и ја намалува гладта.

 Badem i brokula

Брокулата содржи многу бетакаротен и антиоксиданси.

Слатките (црвени) компири се богати со витамин Ц, Д, Б6 и железо. Циметот е одличен зачин кој има добар вкус и мирис. Овој зачин спречува ненадејни флуктуации на нивото на гликоза.

Лековити растенија од светот и од нашите краишта со антидиабетично дејство искомбинирани во чајни комбинации кои се ефективни, имаат широк спектар на својства, не се штетни, не ствараат зависност, немаат нус појави со ниедно лекарство, органски се, не се термички обработени и се 100 % природни.

 

Gymnema Sylvestre - сребрна свиленица (лист) Индија

                      Gymnema Sylvestre

Banaba Extrakt – од Филипини, Австралија и Азија

                        Banaba Extrakt

 

Fenugrik– тилчец (Trigonella foenum-graecum)

     Fenugrik

Боровинки (Vaccinium myrtillus) Чај од листови.

      Боровинки

 

Ginseng

Ginseng 

Зелен чај

 Zelen caj

 

Во 2013 година, истражувачите на кинеската академија за медицински науки во Пекинг објавија 22 студии за придобивките од зелениот чај. Катехините кои се содржат во чајот го намалуваат шеќер во крвта и до 30%. За да се постигне оваа цел се препорачува да се пие најмалку две до три чаши зелен чај.

Алое вера - Во 2011 та година, истражувачите од Универзитетот Пацифик Стоктон/САД објавија една “мета-анализа”: Во пет од седум студии Алое Вера помага во намалување на шеќерот во крвта.

Гинко билоба го зголемува протокот на крв во екстремитетите и очите, па се користи за спречување на дијабетичната ретинопатија. Активната состојка во гинко е наречена флавогликозид, а препорачаната доза е 50-80 мг три пати на ден.

Црн ким или Nigella sativa е познат како “лек за сите болести освен смртта”. Најновите истражувања потврдуваат дека Nigella sativa помага кај дијабетес. Препорачаната доза е 1 лажичка масло од црн ким 3 пати на ден.

Лисјата од смоква  се познати по своите лековити својства - лек за бронхитис, брадавици, цироза на црниот дроб, висок крвен притисок, проблеми со кожата итн. Најнова вест е дека лисјата на смоквата се исто така многу корисни за дијабетес. Најчесто се користи како сок или чај.

Лисја од зов, целер, кисела зелка, коприви. свежи моркови, кромид, прас, лук и боранија го намалуваат нивото на шеќер во крвта. Чај од мудрец (жалфија) помага во одржување на ниското ниво на шеќер во крвта.

 

Канџа на ѓаволот  (Oplopanax horridum ) од јужна Америка - тинктура

 

Oplopanax horridum  

                    

 

Глуварчето се користи како прва пролетна салата. 

Gluvarce

 

Традиционална кинеска медицина (ТЦМ)


Во третирањето на дијабетес се користи акупунктура, акупресура, мокса и билни чаеви. Во кинеската медицина, постојат и околу 30 билни формули за третман на дијабетес. Древната кинеска медицина не учи дека при масажата на одредени точки се ослободува негативната енергија, меридијаните стануваат проодни и настапува подобрување на тегобите.

Овие акупунктурни и акупресурни точки треба циркуларно да се масираат три до пет минути секојдневно 8-12 недели. Ако се користи мокса на истите места третманот треба да биде по 1-2 минути. Акупунктурата - акупресурата или мокса мора да се практикува во редовни интервали билатерално и само тогаш  покажува добри резултати.

 

Листа на клучни акупунктурни-акупресурни точки за дијабетес: 

1.Дебело црево 4 (Hegu 4)

 мокса

                          мокса

Оваа акупресурна точка е многу важна зато што помага не само за контрола на дијабетесот, туку и за намалување на главоболка и други заболувања.

2.Срце (He 7 Shenmen)

Shenmen 

 

 

Оваа точка е тесно поврзана со срцето во контрола на стресот и дијабетесот.

 

3.Стомак 36 ( Cu San Li) по Омура повеќе медиално

Стомачнаточка

Колената се многу тесно поврзани со дигестивниот систем како целина. Дијабетесот може да се контролира во голема мера кога дигестивниот систем работи правилно.

4.Црн дроб 3 (Liv 3 Taichong)

 

LV3

Акупунктурни точки на стапалата за контрола на проблеми како што се висок крвен притисок, дијабетес и несоница.

 

5.Мочен меур 40 (Wei Zhong) 53 и 54

Оваа акупресурна точка е поврзана со мочниот меур. Масажа на оваа точка помага да се намалат проблемите со прекумерно мокрење.

 

                       Wei Zhong                          

Честото мокрење е еден од главните симптоми на дијабетес. Акупресурата може да го стимулира Уретер Меридијанот зад коленото и да го намали прекумерното мокрење.

 

 6. Слезена (Sp 6) San Jin Jiao

San Jin

 

7. Бубрег 1(Jong Kuan KD 1)

Acupressure Kidney 1

 

8. Црн дроб 1 (Da Dun)

Liver dot

9. Бубрег 3 (K 3) Tai Ksi

K3 ac

 

Важно е да се знае што треба да се избегнува во исхраната:

Фруктоза повеќе од 25 грама на ден Конвенционално месо и производи од животинско потекло Пестициди, особено глифосати
Антибиотици и статини, ако тоа не е апсолутно потребно Месо од животни хранети со антибиотици Генетски модифицирани зрна , кои ја уништаваат цревната флора
Хлорирана и/или флуоризирана вода Антибактерииски сапуни Преработена храна освен 100% органска

 

Пестициди, хербициди (Glyphosat) и антибиотици во храната се уште еден фактор на разик за хроничните болести – вклучувајќи го и дијабетесот. Глифосат по Светската здравствена организација (СЗО) е класификациран како класа 2А “веројатно карциноген кај луѓето “. Врз основа на докази, тој може да предизвика не - Хочкин лимфоми и рак на белите дробови, како и да доведе до дијабетес, заедно со голем број на други хронични здравствени проблеми, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест.

За жал хлорен гас се користи за белење на брашното! Како нус-производ се ствара аллоксан (Alloxan) кој ги уништува бета клетките во панкреасот кои се одговорни за лачење на хормонот инсулин!


Една неодамнешна студија во списанието за клиничка ендокринологија и метаболизам објави дека и антибиотиците се криви за појава на дијабетес. Антибиотиците ги уништаваат бактериите во цревата кои се одговорни за распаѓањето на јаглените хидрати, па настапува зголемување на нивото на шеќер. Една студија во списанието “Diabetes Care“, објавена во 2013 година покажува дека изложеноста на жива - дури и во мали количини, како што е од јадење риба - го зголемува ризикот од дијабетес и до 65%!

Научните истражувања покажаа дека луѓето кои гледаат телевизија помалку од 10 часа неделно, имаат 46 % помал ризик од дијабетес.

Контролата на стресот е можна со вежбање, медитација, јога, молитви или други техники за релаксација.

Од голема важност е добар сон во затемнета сплана просторија, без радио и ТВ.

Шансите за лекување се големи под следниве услови:

  • Не манифестиран дијабетес
  • Кратко траење на болеста
  • Ниту еден лек против дијабетес
  • Не постои дислипидемија
  • Ниско ниво на ХбА1ц (на ниво на глукоза во крвта

Во последниве дваесет години фармацевтската индустрија се обидува да пушти во промет што е можно повеќе лекарства за диабетес тип-2, но на жал тоа е пропратено со големи скандали. Avandia (Rosiglitazon) - антидијабетик излезе на пазарот во 1999 година и набрзо стана хит. До 2006 година годишниот промет беше 3,2 милијарди УСД. Една година подоцна се објави една студија во New England Journal of Medicine (НЕЈМ) поврзана со 43 % поголем ризик од срцев удар и 64 % поголем ризик за смрт од кардиоваскуларни заболувања. Во Европа е збранет во 2010 година

ДПП-4 инхибитори (dipeptidil - peptidaza-4) – е уште еден катастрофален лек  против дијабетес тип-2.  ДПП-4 - инхибитори дејствуваат преку намалување на глукагон и глукоза во крвта.  Januvia  i Janumet, имаат голем број на несакани ефекти: алергиски реакции и анафилакса (осип, уртикарија, отоци на лицето, усните, јазикот и/или грлото), акутен панкреатититс, појава на рак на дебело црево, панкреас, тиреоидеа како и меланом.

Овие денови германската комисија G-BA ја прекина новата студија со антидијабетски препарати Saksagliptin i Sitagliptin со следното образложение: ”за жал резултатите на оваа студија не покажаа позитивни резултати, напротив се појавија кардиолошки нуспојави и нуспојави на очите”. Препаратите за жал не се повлечени од  пазарот. Медицинските истражувања јасно покажуваат дека шеќерната болест е дегенеративно заболување кое е директно предизвикано од прехранбените производи кои се фокусирани на профитот, наместо на здравјето. 

Повеќе децениските истражувања показаа дека вишокот на шеќер му штети на здравјето, но за сега шеќерната индустрија успеа да ги оспори доказите и се прикрива со лажна наука, со поддршка за шеќерот како важен извор на храна. 

Додека научните истражувања се финансираат од индустријата нема да постои егзактна наука и ќе биде речиси невозможно да се слушне научната вистина. Дали предмет ќе биде шеќерот, пестицидите или биотехнологијата, тоа е неважно.

Литература:

  • Jennersjö P., et al. A prospective observation study of total mortality with respect to 25-OH vitamin D3 and parathormone levels in patients with type 2 diabetes serum. Diabetology and Metabolic Syndrome, 2015
  • American Diabetes Association. Diabetes Basics. From http://www.diabetes.org/diabetes-basics/type-2/ to 06/02/13.
  • Song Y et al. Blood 25 hydroxyvitamin D levels and incident-type 2 diabetes. Diabetes Care, May 2013.
  • American Diabetes Association. May 9, 2016
  • Diabetes Complications - Mayo Clinic. (2016). Mayoclinic.org ..
  • Whole grain products and fiber. (2016). Heart.org. May 9, 2016
  • Deutsche Ärzteblatt 1/2017

Dr.med. dr.sc Boris Bang-Vojdanovski

 

Март 2017 година

Подготвил и обработил: Стефановски Јордан

Коментари  

0 # Candice 2017-07-17 18:07
Hi fellas! Who wants to see me live? I have profile at HotBabesCams.com,
we can chat, you can watch me live for free,
my nickname is Anemonalove: https://3.bp.blogspot.com/-u5pGYuGNsSo/WVixiO8RBUI/AAAAAAAAAFA/JWa2LHHFI2AkHParQa3fwwHhVijolmq8QCLcBGAs/s1600/hottest%2Bwebcam%2Bgirl%2B-%2BAnemonalove.jpg , here is my pic:


https://3.bp.blogspot.com/-u5pGYuGNsSo/WVixiO8RBUI/AAAAAAAAAFA/JWa2LHHFI2AkHParQa3fwwHhVijolmq8QCLcBGAs/s1600/hottest%2Bwebcam%2Bgirl%2B-%2BAnemonalove.jpg
Одговор на коментар
0 # Eleanor 2017-07-20 14:27
How to increase traffic to your site [youtube]https://www.youtube.com/watch?v=86COMT8JE_c[/youtube]
this application is amazing

Review my weblog: how to drive
traffic to your website: https://www.youtube.com/watch?v=86COMT8JE_c
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg