modnatochka.kh.ua

Ревматоиден артритис и депресија - постои ли взаемна врска?

Hand rheumatoid arthritis

Зошто депресијата и анксиозноста се толку честа појава кај луѓето кои живеат со ревматоиден артритис? Одговорот на ова прашање е заради фактот што справувањето со хронични болести е стресно, но и дека справувањето со хронична болест и воспоставување на нови стандарди на живеење и не е баш пријатна работа.

Депресијата може да биде резултат на болеста и болката, но исто така и на неможноста да го правиме она што некогаш сме биле во можност да го правиме. Ова чувство на загуба може да се исполува и како некој вид на тага.

Многу честа појава е луѓето да се чувствуваат вознемирено кога имаат посебни потреби или кога им е потребна помош од семејството за да можат да се грижат за себе со оглед на промените во нивното тело.

Со сите овие промени и постојаната непредвидливост, анксиозноста и депресијата се сосема нормални, но непријатни реакции.

Воспалителните процеси играат улога и во двете заболувања

Научниците шпекулираат дека внатрешните воспаленија придонесуваат за развој на многу болести. Овие воспаленија се на некој начин инволвирани во: срцевите болести, ракот, дијабетесот и мозочниот удар.Депресијата е исто така присутна на оваа листа.

Постојат одредени докази дека депресијата е инфламаторно заболување, а еден од доказите е дека луѓето со повишено ниво на одредени воспалителни биомаркери во нивниот систем имаат поголема веројатност да развијат депресија.

Но, многу е тешко овие врски да се отплеткаат особено кога станува збор за корелација со луѓе заболени одревматоиден артритис.

Досега не се водело сметка за актуелните воспалителни компоненти кај депресијата заради ревматоиден артритис, едноставно затоа што фокусот бил насочен кон намалувањето на симптомите и болките кои имаат повеќе од очигледна врска со депресијата. Но, ако воспалението е навистина составен дел од депресијата, тогаш лекување на воспалителниот процес веројатно би помогнал.

DEPRESSION

Депресијата може да го влоши чуството на болка.

Од друга страна гледано,болкатаможе да доведува до депресија, а депресијата може да ја влоши перцепцијата на болка.

Се смета дека депресијата и анксиозноста едноставно го влошуваат чувството на болка. Воедно, депресијата и анксиозноста ја намалуваат мотивацијата да се остане во чекор со лекувањето и здравото однесување како вежбањето, откажување од пушење и сл. а, тоа е потребно пред се за да се продолжи процесот на контрола на болеста.

Заклучок:

Се наметнува размислувањето дека луѓето со ревматоиден артритис се изложени на голем ризик од депресија без оглед дали причината за депресијата е воспалителниот процес или болката.

Депресијата може уште повеќе да ја влоши перцепцијата на ревматоидниот артритис и болките во зглобовите, а стресот со кој живеат луѓето со хронични болести од типот на ревматоиден артритис во голема мера може да придонесе за вознемиреност и депресија.

Коментари  

0 # profile5952 2018-11-01 18:19
Need cheap hosting? Try webhosting1st, just $10 for an year.

http://www.buehnehollenthon.at/guestbook2/public/img-1539196162.jpg
Одговор на коментар
0 # profile1299 2018-11-02 11:23
Need cheap hosting? Try webhosting1st, just $10 for an year.

https://assetto-corsa.de/images/photos/1443/810/c6844856810ff083b8f13454.jpg
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg