modnatochka.kh.ua

Бенигни тумори на штитната жлезда. Кои се причините?

Tyroidea adenom

Тироидните хормони се вклучени во контролата на функциите на човечкото тело. Тие влијаат на шеќерот, липидите, протеините и ја регулираат телесната температура, отчукувањата на срцето, циркулацијата и др.

Кај децата, го контролираат развојот на мозокот и нервите, како и растот на коските. Не е чудно што хипертироидизам е причина за огромен број на штетни ефекти врз организмот. Типични симптоми се упорен немир, раздразливост, несоница, необјасниво губење на тежината, прекумерно потење и забрзување на пулсот. Ако не се лекува хипертироидизмот има сериозни последици, вклучувајќи и повисока стапка на смртност од кардиоваскуларни болести.

Автономни аденоми се најчестите бенигни тумори на штитната жлезда. Мутации на два гена се одговорни за околу 70 % од случаите. Научниците од Универзитетот во Вирцбург сега открија уште еден клучен активатор.

Кај многу случаи зголемената функција се активира заради  тумори на тироидната жлезда, од кои повеќето се бенигни. Меѓу нив најчести се таканаречените автономни аденоми. Во основа нивната генеза е добро разбрана при што се знае дека посебните мутации кај одредени гени се одговорни за околу 70 % од сите автономни аденоми.

Сепак, до неодамна беше непознато дали самите мутации се доволни за да ги поттикнат тироидните клетки да се размножуваат и прекумерно да произведуваат хормони и дали треба да бидат присутни дополнителни фактори. Воедно, не беше јасно кои фактори се вклучени во генезата на останатите 30% од автономните аденоми.

Во потрага по други причини за болеста, еден меѓународен тим на истражувачи, постигна успех. Тие испитуваа 19 автономни аденоми при што дојдоа до заклучок дека значителен број од овие аденоми носат мутација на генот кој е вклучен во контролата на клеточната пролиферација и диференцијација.

Folekularni kelii vo tiroidnata zlezda

Генетска мутација предизвикува зголемување на клеточната пролиферација EZH1 - или зголемување на Zeste Homolog 1 – што е научното име на овој ген. EZH1 мутациите работат синергетски со другите познати мутации, што доведува до формирање на автономни аденоми.

Мутацијата на генот EZH1 е вториот најчест генетски дефект кај автономните аденоми. Според истражувачите честата асоцијација на EZH1 мутациите со оние претходно познати мутации на гените доведуваат до двоен проблем каде што првата мутација ја зголемува диспозиција за формирање на тумори, додека вториот го активира процесот на болеста.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg