modnatochka.kh.ua

Атријална фибрилација – нов уред нуди втора опција покрај лекарствата за разредување на крвта

watchman left atrial

Луѓе со атријална фибрилација се изложени на многу поголем ризик од мозочен удар. Еден нов апарат дава друга опција како замена за лековите за разредување на крвта.

Дизајниран е нов апарат за спречување на една од најчестите причини за мозочен удар. Состојбата на неправилно чукање на срцето се нарекува атријална фибрилација и ова претставува голем ризик за мозочен удар - пет пати поголем од ризикот на кој се изложени останатите луѓе. Но, сега имаме и друга опција за намалување на тој ризик.

До неодамна, единствената опција за овие пациенти беше тие постојано да бидат под терапија со лекарства за разредување на крвта.

При атријална фибрилација, крвта не кружи правилно, па така се формира еден вид на резервоар во срцето при што се создаваат згрутчувања. Ако едно од овие згрутчувања дојде до мозокот, тоа може да предизвика мозочен удар. Разредувачите на крвта го намалуваат овој ризик, но и тие носат свои ризици.

Дури и мали инциденти може да бидат многу опасни по луѓето кои се на терапија со лекарства за разредување на крвта, но до неодамна, немаше друга опција за овие пациенти.

Watchman

Минатата година, ФДА го одобри овој апарат кој всушност преставува мала кошничка во вид на мрежа која буквално е стапица за згрутчувањата на крвта во срцето пред тие да можат да излезат и да направат штета. Мрежичката се става во еден вид на торбичка во близината на срцевата лева преткомора. Тоа е регион каде што најмногу се формираат згрутчувањата.

Уредот, наречен чувар(watchman), се вметнува преку катетер кај препоните, па така закрепнувањето е многу брзо. Мора да се напомене дека овој уред не е наменет за секој пациент, но сепак тоа е долгоочекувана нова алатка во борбата против оваа многу честа причина за мозочен удар. 

Коментари  

0 # profile8612 2018-10-31 18:05
Need cheap hosting? Try webhosting1st, just $10 for an year.

http://betocuevas.com/images/photos/2432/1686/32e49c7937e9291eb186c741.jpg
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg