modnatochka.kh.ua

Дали плакнењето заби со хидроген е штетно или корисно?

Hydrogen peroxide

Хидрогенот има антисептички и лековити својства. Всушност, постои еден нов урбан мит кој вели дека хидроген пероксидот е универзално корисен за сите органи на телото како и ткивата.

Кога станува збор за здравјето на забите тоа не баш така, бидејќи доказите укажуваат дека хидроген пероксидот е всушност токсичен за клетките во внатрешноста на забите (денталната пулпа). Без сомнение, хидрогенот помага за белење и дезинфекција на забите, а стоматолозите имаат цврсти докази за неговата ефикасност. Од друга страна, постојат и многу непроверени информации, совети и препораки кои го промовираат хидрогенот како идеално средство за секојдневно плакнење на устата.

Имајќи предвид дека постојат разни концентрации како и зголемената популарност како алтернативна терапија, опасноста од потенцијалните долгорочни штети по забите се непознати и во голема мера под знак на прашање.

Хидрогенот ослободува супероксид анјони (моќни слободни радикали), кои се одговорни за белењето на забите и неговото антисептичко својство. Сепак, неговите корисни својства застануваат тука, затоа што истражувањата покажуваат дека постои можност да се пробие забната глеѓ и дентинот, па така хидрогенот да досегне до внатрешната забна комора наречена дентална пулпа.

Хидрогенот има ниска молекуларна тежина и способност да ги уништи протеините, а воедно лесно минува низ емајлот и дентинот. Забната пулпа е место со крвни садови и нерви што ја прави оваа област особено чувствителна. На периферијата на денталната пулпа постои уникатна класа на клетки кои имаат заштитна улога, наречени одонтобласти. Проблемот со хидроген пероксидот е тоа што има цитотоксичен ефект врз клетките од денталната пулпа, што значи дека буквално ги убива. Една студија објавена во 2013 година покажа дека дури и ниски концентрации на хидроген пероксид ги побудува молекуларните механизми кои  активираат програмирана клеточна смрт.

Со оглед на тоа, се чини дека дури и процедурите за белење заби кои се користат од стоматолозите се штетни за денталната пулпа, бидејќи штетата во таа област е директно поврзана со бројот на третмани за белење. При тоа, одонтобластите се директно оштетени или покажуваат значително намалување на нивната метаболичка активност.

hydrogen peroxide teeth

Овој ефект може да резултира со иритација на ткивото и сензитивност на забите.

Но, пониските концентрации на хидроген пероксид може да имаат значително помалку токсични ефекти врз клетките на забната пулпа, затоа што има повеќе време хидрогенот да се разреди и деградира. Сепак, сеуште не можат да се донесат прецизни заклучоци при секојдневната употреба. Ако третманите за белење заби може да предизвикаат забележителна штета на денталната пулпа, разумно е да се претпостави дека користењето на хидроген пероксид за миење на устата на дневна основа не е баш најбезбедна опција.

Коментари  

0 # profile5018 2018-10-31 08:12
Need cheap hosting? Try webhosting1st, just $10 for an year.

http://photoengraving-f2f.com/guestbook/public/img-1539196487.jpg
Одговор на коментар

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg