modnatochka.kh.ua

Дебелината веќе не е основна причина за прерана смртност!

Fat lady.healthinfo

Дебелината е помалку опасна отколку што тоа беше пред 40 години? Една нова студија од Данска дојде до заклучок дека за разлика од 1970 година, процентот за зголемен ризик од прерана смрт заради дебелина денес опадна од 30% на 0%.

Тимот од Универзитетот во Копенхаген изработи и опиша една комплетна анализа на податоци за повеќе од 100.000 лица каде се наведува дека во 1976-1978, ризикот од прерана смрт бележи пораст кај дебелите отколку кај лицата со нормална тежина, но тоа веќе не е случај  за периодот од 2003-2013 година.

Во многу земји, јавното здравство препорачува да се задржи нормална и здрава тежина за да се избегнат хронични состојби како што се дијабетес и кардиоваскуларни заболувања, а со тоа и да се избегне предвремената смртност.

За да се дефинира здравата тежина, експертите го пресметуваат индексот на телесна маса (БМИ), односот тежината на едно лице во килограми поделена со квадратот на неговата висина изразена во метри.

За возрасните, БМИ (индексот на телесна маса) се дефинира на следниот начин:

30 и повеќе - дебели

25-29,9 - со прекумерна тежина

18,5-24,9 - нормална или здрава тежина

Помал од 18,5  - слабо

Студијата исто така покажа дека поврзаноста на БМИ со стапката на смртност била различна во периодите 1976-1978, 1991-1994 година и 2003-2013. Сите учесници во студијата биле следени до 2014 година.

fat woman workout.healthinfo

Авторот на студијата Д-р Борге Г. Нордестгаард, клинички професор на Универзитетот во Копенхаген и Универзитетската болница во Копенхаген, вели дека причина за оваа промена не е позната, но тој вели дека наодите укажуваат на потребата да се ревидираат категориите со кои се дефинира прекумерната тежина.

Сепак, добиените резултати не треба да се толкуваат како потстрек дека сега луѓето можат да јадат колку можат и колку сакаат, но од друга страна здравите индивидуи и луѓето со прекумерна тежина не мора да бидат толку загрижени за нивната тежина како порано.

Коментирајќи во врска со студијата, одредени професори на универзитети велат дека иако резултатите се интересни, не би требало да се менуваат советите за справување со дебелината, третирањето и превенцијата.

Современите лекарства може да им помогнат на луѓето со ризик фактори како што е и дебелината да живеат подолго, но тој сугерира дека би било погрешно сега да се заклучи дека ние треба да ја редефинираме дебелината само врз основа на резултатите од студијата.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg