modnatochka.kh.ua

Сериозноста на псоријазата може да предвиди ризик од абдоминална аневризма на аортата

psoriasis.healthinfo

Псоријазата се карактеризира со воспалени црвено-сребренасти дамки на кожата.

Псоријазата претежно ги погодува возрасните и е предизвикана од клетки кои се натрупуваат премногу брзо на површинските слоеви од кожата.

Псоријазата е автоимуно заболување; со други зборови, имунолошкиот систем на телото предизвикува симптоми така што ги напаѓа здравите клетки.

Аортата е главна артерија, која ги снабдува со крв: стомакот, карлицата и нозете. Аневризма на абдоминалната аорта настанува кога на самата аорта се јавува една испакнатина кон надворешноста во вид на балон.

Во принцип, абдоминалната аневризма на аортата не покажува никакви симптоми, но постои голема опасност таа да се распрсне со текот на годините. Некои од главните причини се: пушење, висок крвен притисок, машиот пол, како и одредени генетски фактори.

aorticaneurysm

Кога се распрснува абдоминалната аневризма на аортата, честопати со мало предупредување, потребна е итна медицинска помош, но исто така постои голем ризик тоа да биде фатално. Поради недостаток на претходни симптоми, ова заболување може да биде особено опасно по животот.

Д-р Усман Калид од Данска, користел податоци од данските национални регистри во периодот помеѓу 1997 и 2011 година со цел да ги истражи врските помеѓу псоријазата и овој тивок убиец. Неговиот тим обработил информации од 59.423 пациенти со благи форми на псоријаза и 11.566 пациенти со симптоми на тешка форма на псоријаза.

Пациентите биле следени се до моментот кога настанала аневризма на абдоминалната аорта, кога се преселиле надвор од земјата, кога починале или до моментот на завршување на студијата. Како резултат на ова обемно истражување  забележан е еден изненадувачки, но јасен тренд.

Псоријаза и абдоминална аневризма на аортата

Кај општата популација, абдоминална аневризма на аорта се случувасо стапка од 3,72 случаи на 10.000 лица - годишно. Кај оние лица со лесна форма на псоријаза, стапката на појава на аневризма била зголемена до 7.30, а кај лицата со тешка форма на псоријаза, процентот се зголемил на 9.87.

Врската помеѓу псоријазата и болести на срцето

Врската помеѓу псоријазата и здравјето на срцето, се следи веќе извесен период. Сепак, тешко е да се одреди поврзаноста помеѓу причината и последицата; лица со тешка форма на псоријаза имаат поголема веројатност да бидат дебели и да страдаат од дијабетес, а тоа се воедно и фактори на ризик за срцеви заболувања.Но, дали навистина псоријазата го поттикнува зголемувањето на телесната тежина и дијабетесот или е всушност обратно?

abdomenal aneurysm

Неодамнешни испитувањапокажаа дека сериозноста на псоријазата е поврзана со интензитетот на воспаленијата на крвните садови. Овие воспаленија прават дополнителен притисок врз срцето и го зголемуваат ризикот за срцеви заболувања.

Д-р Калид вели дека псоријазата мора да се смета за системска воспалителна болест, а не како изолирано заболување на кожата. Потребно е зголемување на свеста кај пациентите со псоријаза, при што ќе им се укаже на фактот дека постои зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, вклучувајќи и абдоминална аневризма на аортата.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg