modnatochka.kh.ua

Нивото на Витамин Д во крвта може да укаже на проблеми во функцијата на кардиоваскуларниот систем

d vitamiin

Ризикот од срцев удар, мозочен удар и други срцеви заболувања може да се одреди со мерење на нивото на две компоненти од Витаминот Д, укажуваат истражувачите од Медицинскиот Институт за Срцеви Заболувања во Солт Лејк Сити.

Главниот истражувач д-р Хајди Меј, кардиоваскуларен епидемиолог и нејзините колеги, откриле дека лицата со ниско ниво на вкупен Витамин Д и Био-достапен Витамин Д имаат поголема веројатност во иднина да се соочат со проблеми во функцијата на кардиоваскуларниот систем.

Био-достапен Витамин Д е всушност Витаминот Д кој се апсорбира во крвотокот, но не е поврзан со околните протеини.

Овие наоди се неодамна презентирани на научните сесии при Американскиот Колеџ за Кардиологија во Чикаго.

За да ги добијат овие резултати, ДМеј направи анализи на концентрација на Витамин Д кај 4.200 лица на возраст од 52-76 години. Од нив, околу една четвртина имале дијабетес и околу 70% имале некаква коронарна артериска болест.

Тимот се фокусирал на мерење на концентрацијата на различни метаболити на Витаминот Д (елементи на Витаминот кои се произведуваат во текот на метаболизмот) и работел на проценка дали е тоа поврзано со идните срцеви заболувања.

Срцеви заболувањапри ниски вредности на Вкупниоти Био-достапенВитамин Д

heart disease risk

Истражувачите објаснуваат дека само 10-15% од Вкупниот Витамин Д има способност да делува на целните клетки за време на метаболизмот; повеќето метаболити на Витаминот Д се поврзуваат со врзувачките протеини.

Затоа е од голема важност да се утврди пропорцијата на овие "неврзани" метаболити на Витаминот Д - како на пример Био-достапниот Витамин Д – кој би можел да се поврзе со целните клетки.

Од оваа анализа, е откриено дека мерењето на вкупната концентрација на Витамин Д и нивото на Био-достапниот Витамин Дпокажале исклучителна точност во предвидувањето на ризикот од срцеви заболувања.

Со други зборови, лицата со ниско ниво на вкупен Витамин Д и Био-достапен Витамин Димаат огромен ризик од срцев удар, мозочен удар, срцева слабост, па дури и кардиоваскуларна смрт, во споредба со луѓето чии концентрации на овие витамини се високи.

Коментирајќи во врска со постигнатите резултати, ДМеј вели дека ова е прво истражување што ја проценува поврзаноста на метаболитите на Витаминот Д со кардиоваскуларните заболувања, но воедно и напоменува дека нивните наоди се надоградени врз претходни вакви истражувања. Сепак, Д-р Меј повикува на натамошни студии со кои и понатаму ќе се испитува оваа врска, истакнувајќи дека последните истражувања покажале различни ефекти на метаболитите на Витаминот Д помеѓу белите луѓе и оние од другите етнички групи.

blood test

Во Ноември минатата година Medical News Today објави студија во која се тврди дека концентрацијата на Витамин Д под 15 ng/ml е тесно поврзана со зголемениот ризик од срцеви заболувања.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg