modnatochka.kh.ua

Едноставен крвен тест може да открие знаци на потрес на мозокот

blood test.healthinfo

Едноставен крвен тест може да открие знаци на потрес на мозокот дури и до една недела откако пациентите претрпеле повреда на главата. Тестот обезбедува нов начин да се дијагностицираат потреси на мозокот, особено за пациенти кај кои изостануваат непосредни симптоми, велат истражувачите.

Сепак, ова истражување е прелиминарно и тестот нема да биде подготвен за широка употреба во наредните неколку години, велат експертите.

Симптоми на потрес на мозокот, или благи до умерени трауматски повреди на мозокот, може да бидат притаени и честопати да имаат одложено манифестирање, во многу случаи и до неколку дена, се наведува во студијата на д-р Линда Папа, водечки автор и истражувач од Медицинскиот Центар во Орландо.

Овој крвен тест може да им обезбеди на лекарите една важна алатка за едноставно и прецизно дијагностицирање на пациенти, особено деца, и да овозможи тие да бидат соодветно третирани.

Тестот е така дизајниран да бара биомаркер наречен глијален фибриларен киселински протеин (ГФКП), кој се ослободува во крвотокот кога мозокот е повреден. Испитувањата спроведени на 600 пациенти на возраст од 18 години и постари, овој тест на крвта открил благ до умерен потрес на мозокот со прецизност до 97 %.

Не само што ГФКП е присутна во крвта, туку постои можност да се детектираат мерливи нивоа на ГФКП во период до една недела после повредата.

Тестот, исто така, може да помогне да се идентификуваат пациенти на кои им е потребна неврохирургија, а тоа ќе придонесе значително да се намали употребата на ЦТ-скен, за да се дијагностицираат овие потреси на мозокот. Иако се прецизни, ЦТ-скеновите се скапи и ги изложуваат пациентите на зрачење.

Blood test1.healthinfo

Речиси сите потреси кај децата се дијагностицираат само врз база на препознатливи симптоми, како што се повраќање, губење на рамнотежа, заматен вид или главоболки. Како резултат на тоа, најчесто е многу тешко за лекарите да ја утврдат сериозноста на повредата.

Доколку на пациентите не им се постави навремена и правилна дијагноза, тие нема да се третираат соодветно, а тоа може да доведе до натамошни, долгорочни проблеми, како што се главоболки, вртоглавици, губење на меморијата и депресија.

Постојат толку многу крвни дијагностички тестови за различни делови од телото, (за срце, црн дроб, бубрези и сл.), но никогаш не постоел сигурен крвен тест за да се идентификува траума на мозокот. Сметаме дека овој тест може да го измени сето тоа.

HealthDay News

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg