modnatochka.kh.ua

Нов крвен тест

Нов крвен тест  кој точно може да предвиди ризик од срцев удар

 

images

 

Истражувачкиот тим, предводен од  Д-р Пит Кун, вели дека во моментов не постои тест кој со голема прецизност може да предвиди појава на срцев удар.

  

 

Но, тие велат дека нивниот нов тест,  за кој деталите биле неодамна објавени во списанието Physical Biology, досега се покажа како успешен кај пациенти кои се подложни  на срцев удар и кај здрави пациенти.

 

 Тест кој идентификува ендотелијални клетки во крвта

 

Новиот тест користи техника "биопсија на течност". Тоа е идентификување присуство на ендотелијални клетки - кои се таложат на артериските ѕидови - во крвотокот.

Се мисли дека ендотелијалните клетки навлегуваат во крвотокот како резултат на наталожување заради болест , блокади и улцеративни промени на артериите кои предизвикуваат воспаленија.

Се додава дека ова оштетување на артериите може да доведе до формирање на згрутчувања на крвта.  Ова ја сопира крвта која тече низ артериите, што пак може да предизвика срцев удар.

 

Со користење на новата постапка наречена High-Definition анализа на циркулаторни ендотелијални клетки (HD -CEC ), истражувачите беа во можност да ги идентификуваат и да ги разликуваат ендотелијалните клетки во крвта земена од 79 пациенти, од кои сите веќе имаа преживеано  срцев удар во моментот  кога беа земени нивните примероци.

Истражувачите исто така ја користеа  HD -CEC анализата за контрола на две групи пациенти. Една група беше составена од седум пациенти кои примале терапија за кардиоваскуларни болести, додека другата група се состоеше од 25 здрави пациенти .

  

blood-test

 

 Со тестовите на крв  успешно беа идентификувани срцевите удари на пациентите.

Истражувачкиот тим утврди дека HD -CEC  анализата можеа да детектира циркулаторни ендотелијални клетки во крвта на пациентите преку  „морфолошките карактеристики на  клетките и нивните реакции на специфични антитела. "

 

Пациенти кои претрпеле срцев удар имале многу повисоки нивоа на циркулаторни ендотелијални клетки во крвта, во споредба со здравите пациенти. Истражувачите забележале  дека клетките се одликуваат со " висока чувствителност и голема специфичност. "

 

Со цел  да ја потврдат  точноста на HD -CEC анализата, истражувачите го споредија новиот тест со CellSearch – тестот  кој е одобрен од страна на Американската агенција за храна и  Администрацијата за лекови (FDA) кој може да ги идентификува циркулаторните туморозни клетки кај пациенти со рак.

Од оваа споредба, истражувачите откриле дека тестот  има можност многу попрецизно да детектира циркулаторни ендотелијални клетки во споредба со CellSearch тестот.

Истражувачите велат дека ова е заради тоа што HD -CEC тестот користи директен метод на анализа и е ослободен од предрасуди заради фазата на збогатување.

 

"Нашата анализа ефикасно анализира милиони клетки , што е многу повеќе работа, но гарантира дека ќе се анализираат сите потенцијални клетки ", вели проф Кун.

 

Истражувачите веруваат дека новата техника сега е подготвена за тестирање на пациенти кои покажуваат симптоми на зголемен ризик, но кои сеуште не претрпеле срцев удар.

 

Проф Кун додава:

"Целта на овој труд е да се воспостават докази дека овие циркулаторни ендотелијални клетки може со сигурност да се откријат кај пациенти кои претрпеле срцев удар и дека истите не постојат при  контроли  на здрави пациенти - што веќе го имаме постигнато“.

 

„Нашите резултати се толку значајни во однос на контролата на здрави пациенти и очигледно е дека следниот чекор ќе биде да се оцени корисноста на тестот при идентификување на пациенти за време на раните фази на срцев удар."

 

Ова не е единствено истражување за да се согледа можноста за предвидување на ризик од срцев удар. Во ноември минатата година, Medical News Today објави една студија од истражувачите на Универзитетот во Единбург во Велика Британија, каде што детално е објаснета една нова техника на сликање која може да ги осветли опасните масни наслаги во артериите, кои претставуваат опасност за блокада – а тоа претставува идентификување на ризикот од  срцев удар.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg