modnatochka.kh.ua

Алопеција: Нови лекови успешни за повторен раст на косата

male pattern alopecia

Алопеција ареата - автоимуна болест на кожата која предизвикува губење на косата на главата, лицето и телото е многу често и непријатно заболување. Во Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија е откриена терапија за болеста која стимулира повторен раст на косата.

Кај сите форми на алопеција ареата, имунолошкиот систем на телото ги напаѓа фоликулите на здравата коса, што предизвикува намалување на производство на влакна до точка кога растот на косата може целосно да запре.

Пациентите кои имаат помалку од 50% губење на косата, опциите за третман се насочени кон тоа да се прекине или да се одвлече вниманието од имунолошкиот напад и да се стимулираат фоликулите на косата. За луѓе кои се соочуваат со повеќе од 50% губиток на коса, постојат инекции и лекови за орална употреба. Сепак, овие третмани не се успешни кај секого.

Во Медицинскиот центар на Колумбија Универзитетот спроведено е клиничко испитување при што новиот начин на лекување Алопеција ареата.

Резултатите кои се објавени се идентични со оние на Универзитетот Јеил кои тестирале слични лекови и потврдуваат дека ЈАК инхибиторите го стимулираат растот на косата.

Алопеција ареата е втората најчеста форма на губење на косата, што се случува на било која возраст и влијае подеднакво и на мажите и на жените.

Иако во моментов не постои третман кој е способен за целосно враќање на косата, истражувачите покажаа дека оралните лекови и тинктурите кои ја инхибираат Јанус Киназа (ЈАК), семејство на ензими познато како ЈАК инхибитори, потенцијално може го стимулира повторниот раст на косата.

Ова се охрабрувачки вести за пациентите кои се соочуваат со физички и емоционални ефекти на овој вид обезличување кое е резултат на автоимуна болест.

Претходните истражувања од истиот тим открија специфични имунолошки клетки и доминантни воспалителни сигнални патишта кои се одговорни за нападите врз фоликулата на косата кај луѓе со алопеција ареата, што резултира со хибернација на фоликулите, а ЈАК инхибиторите ги будат од хибернација овие фоликули така што ја блокираат оваа воспалителна сигнализација.

Alopecia

Резултатот на третирањето е дека кај три четвртини од учесниците е забележан50% повеќе поголем раст на косата, а до крајот на третманот 77 проценти од испитаниците кои позитивно реагирале на терапијата постигнале повеќе од 95% поголем раст на косата.

Кожни биопсии се извршени пред, за време и после третманот. Биопсиите покажуваат намалување на нивото на интерферонска сигнализација и цитотоксични Т-лимфоцити, кои се индикатори на воспалителна реакција. Воедно е забележано и зголемување на нивото на кератини во косата, а тоа се протеини кои укажуваат на раст на косата. Овие концентрации се слични со оние кај луѓето без алопеција ареата.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg