modnatochka.kh.ua

Додатоците во исхраната се причина за итна медицинска помош на многу луѓе секоја година

Една обемна студија наведува дека суплементите за слабеење и енергетските додатоци се оние најопасните, па така проблемите со срцето се најчестиот вид на проблеми кои се јавуваат како последица од неконтролирано внесување на овие суплементи.

Годишната бројка само во Америка изнесува околу 30.000 луѓе, а забележено дека на најголем ризик се изложени жените, повозрасните и децата на предучилишна возраст.

Луѓето не можат да сфатат дека додатоците во исхраната може да предизвикаат мноштво несакани дејства иако секоја година илјадници се третираат од страна на службите за итна медицинска помош од симптоми кои им се припишуваат на додатоците во исхраната, вели Д-р Ендрју Гелер, главен лидер на спроведената студија.

Производителите на суплементи велат дека освен фактите кои се наведени во студијата, докажано е дека всушност тие и не се толку лоши.

Се знае дека повеќе од 150 милиони Американци земаат диететски додатоци секоја година. Ако бројот на итни интервенции не се третира само како математички број, многу помалку од една десетина од еден процент на корисници на суплементи бараат итна медицинска помош.

Сето тоа е точно, но додатоците во исхраната, се ослободени од безбедносни тестирања, бидејќи тие би требало да бидат сосема безопасни. Имајќи го предвид третманот на безопасност, сепак сепак се премногу 20-30 илјади ургентни посети на лекар годишно.

maxresdefaultБројот на додатоци во исхраната има огромна експанзија во последниве години, што во голема мера се должи на либералните законии прописи на владите кои се однесуваат на нив.

Така, во законите е проширена дефиницијата на она што би можело да се смета како додаток во исхраната. Резултатот е дека некои производи на пазарот денес содржат штетни, па дури и илегални состојки кои понекогаш и не се  наведени на амбалажата.

Во одредени случаи некои производи се повлекуваат од продажба, ако се потврди дека се опасни за употреба. Но, една друга студија објавена минатата година покажа дека околу две третини од овие производи се враќаат на полиците за помалку од една година и тие и натаму ги содржат истите нелегални состојки, што укажува дека законите кои ги регулираат додатоците во исхраната се толку лоши што некои производители едноставно ги игнорираат.

Новите бројки зборуваат за штетните последици

Новите статистики потекнуваат од една студија објавена во списанието за медицина на Нова Англија. Истражувачите пребарувале низ медицинските листи на 63 болници во САД. Разгледуван е 10-годишен период од 2004 до 2013 годинаПребарувани се случаи за кои лекарите особено потенцирале дека биле предизвикани од некој вид на суплемент и тоа од билни суплементи па до оние со амино киселини. Тие не ги земале предвид проблемите поврзани со енергетските пијалаци и чаеви, а не се сметани ниту смртните случаи поврзани со најразлични додатоци во исхраната.

Врз основа на 3667 случаи, авторите на студијата велат дека диететските додатоци секоја година се причина за итни интервенции на помеѓу 18.611 и 27.398 луѓе. Повеќето од овие интервенции - речиси 90% - се резултат на проблеми причинети само од еден производ, а не однекаква комбинација.

bodybuilding-supplements

Експертите кои не биле вклучени во студијата исто така се согласуваат дека бројките се премногу високи.

"Бројките се алармантни", вели Д-р Питер Коен,  вонреден професор на Медицинскиот факултет Харвард, кој ја проучува безбедноста на додатоците во исхраната.

Згора на тоа, вели тој, таа бројка е веројатно пониско проценета, затоа што се сметаат пациенти кои се запрашани и кои признале дека земале додатоци во исхраната.

Дека е така Д-р Коен посочи на слушај кога пациент жена на возраст од 40 години била доведена во ургентниот центар со срцев удар и опасно низок крвен притисок. Таа немала очигледни фактори на ризик се додека практикантот не ја запрашал дали земала некакви витамини или додатоци во исхраната. Се покажало дека таа земала суплементи за слабеење кои подоцна биле испитани и е утврдено дека содржи опасни супстанци.

Ризик кај деца и постари лица

Млади луѓе на возраст меѓу 20 и 34 години и жени се изложени на најголем ризик. Производи за губење на тежината и енергетските додатоци се најчестивиновниците за здравствени проблеми на оаа старосна група. Генерално, жените се погодени повеќе од мажите.

Проблеми со срцето, болки во градите, неправилна работа на срцето, како и забрзан пулс, се најчестите причини за кои луѓето побарале помош.

Авторите на студијата истакнуваат дека има повеќе случаи на срцеви проблеми поврзани со земање додатоци во исхраната отколку што има од лекови стимуланси кои се земаат на рецепт и кои мора да содржат предупредување на етикетите дека можат да предизвикаат проблеми на срцето.

Возрасни лица над 65 години се група која, најверојатно мора да биде хоспитализирани по појавата на проблеми заради користење на додатоци во исхраната.  За изненадување е декакај 1 од 3 стари лица - проблемот не бил реакција на состојките во суплементот, туку во големината на самата пилула. Околу една третина од луѓето на оваа возраст побарале медицинска помош заради проблеми со голтањето на апчето при што е предизвикано гушење или чувство на нешто заглавено во грлото. Додатоци на калциум најчесто ги предизвикувале овие видови на проблеми.

Supplement-Myths-and-Facts-1024x682

Постојат препораки за ограничување на големината за пилулите, но тоа не се однесува на додатоците во исхраната.

Друга ризична група на луѓе од додатоци во исхраната се децата. Кај1 од 5 итни медицински интервенции, пациентот бил на предучилишна возраст. Многу од нив ги зеле апчињата кога родителот или старателот не ги гледа.

Затоа се препорачува додатоците во исхраната исто како и лековите да се чуваат далеку од очите на малите деца.

Постарите лица треба да се советуваат со докторите дали навистина има потреба да земаат додатоци во исхраната. Ако тоа е потребно, а апчето е големо, треба да се праша дали може да се подели или дали постојат други облици како сирупи или сл.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg