modnatochka.kh.ua

Итно третирање на епилептичен статус - Лоразепам или Дијазепам

human-brain

Епилептичен статус е состојба во која мозокот е постојано под епилептичен напад. На возраст од 15 години,  4-8 проценти од децата  доживуваат напади, кои можат да бидат опасни по живот доколку веднаш не се превземе нешто за да се прекинат овие напади.

Епилептичен статус е континуиран, незапирлив напад кој трае подолго од пет минути или тоа може да бидат повторливи напади каде што пациентот не доаѓа до свест помеѓу нападите во време подолго од пет минути.

Оваа состојба може да се случи без предупредување. Од причини кои не се целосно јасни, детето може да биде зафатено од континуирани напади, кои  доколку не се прекинат во рок од неколку минути , може да доведат до оштетување на мозокот или дури и смрт.

За итно третирање на епилептичен статус се користатлековитеЛоразепам и Дијазепам.

Лоразепам, се продава под трговското име Ативан и е одобрен од страна на Агенцијата за храна и лекови само за употреба кај возрасни. Но откако еднаш  лекот ќе биде одобрен за употреба кај возрасни, лекарите тогаш може да го препишуваат и за други намени, па и кај педијатриски пациенти,доколку веруваат дека нивните пациенти ќе имаат корист од него.

Од друга страна Дијазепам, исто така познат како Валиум, е лек кој е одобрен за употреба и за  возрасни и за деца.

Лоразепам треба да се чува во ладилник, а за Дијазепам тоа не е потребно, па затоа Дијазепам е посоодветен за употреба од страна на екипите за брза помош.

Пред оваа студија, не постоеле докази кои укажуваат на тоа кој од овие лекови е поефикасен. Иако се уште не е одобрен за деца Лоразепам се користи како прва опцијаза третирање во повеќето одделенијата за итни случаи.

Резултатите од студијата не ја поддржуваат употребата на Лоразепам наместо Дијазепам за лекување на епилептичен статус.

Medications

"Понекогаш лекарите се принудени самите да донесуваат вистински одлуки", вели Д-р George  Giacoia,  шеф на одделот за акушерска и педијатриска фармакологија и терапевтика. " Сепак, секогаш е подобро да се донесуваат одлуки за лекување врз база на докази кои произлегуваат од големи споредбени студии. Сега со сигурност се знае дека Лоразепам не нуди никакви предности пред Диjазепамот во третирањето на педијатриски напади  и дека Дијазепам е посоодветен за употреба од страна на тимовите за итна медицинска помош. "

Резултатите од студијата на некој начин обезбедуваат сигурност за персоналот наургентна медицина кој мора да дејствува во рок од неколку минути. Оваа студија е спроведена во 11 болници во САД со користење на инфраструктурата на применета истражувачка мрежа на детската итна медицинска помош.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg