modnatochka.kh.ua

Зошто мажите мастурбираат дури и кога се во врска?

masturbationСамо затоа што еден маже во врска не значи дека тој ќе престане да мастурбира. Всушност, никој тоа и не би го очекувал бидејќимастурбирањето е природна работа, нели?

Според одредени стручни и нестручни мислења, ако вашиот партнер мастурбира тоа не значи дека има некаква пречка во вашата врска и тоа не е нешто што навистина треба да ве загрижува.

Според исказите на поголема група анкетирани мажи огромен процент од нив дефинитивно преферираат секс, па дури и тоа да бидат некакви еротско-сексуални игри без да се дојде до самиот сексуален чин.

Но, за да не остане ова само на сувопани зборови или некаква фикција, ви пренесуваме искази на неколку мажи кои споделуваат зошто тие продолжуваат да мастурбираат и покрај фактот дека по нивно мислење имаат релативно квалитетна врска и редовни сексуални односи.

"Јас не мастурбирам бидејќи мојата девојка сексуално не ме задоволува или нешто слично. Ете тоа е нешто што одсекогаш сум го правел и ќе го правам во иднина. Мастурбирањето прави да се чувствувам добро и ме ослободува од напнатоста." С.Б.

"Со ангажирањето во мојата компанија патувам многу, а понекогаш сум отсутен најмалку една недела или дури и подолго. Не сакам да одам по барови, кафулиња и клубови за да најдам начин да се ослободам од напнатоста, па затоа мастурбирам. Мастурбирам и дома исто така, бидејќи мислам дека тоа е добар начин на релаксација. Со мојата сопруга сме заедно веќе осум години, а од тоа пет години во брак. Ние немаме секс секој ден (еднаш, два до три пати во неделата), но ми се допаѓа начинот кога самиот се релаксирам, секој ден или секој втор ден." Г.И.

"Мислам дека мастурбацијата помага да бидам подобар љубовник, што е една од причините зошто сеуште го правам тоа, дури и кога имам девојка. Доколку не доживеам оргазам заради пауза од  неколку дена, прилично сум чувствителен и при наредниот сексуален чин бргу ејакулирам - обично премногу брзо. Редовното мастурбиеање ми помага при сексот со мојата партнерка да го одложам предвременото ејакулирањеН.Ј.

"Да бидам искрен, понекогаш тоа го правам само колку да ја ублажам досадата. Ова го правам без оглед дали сум во врска или не." Б.Џ.

"Мојата девојка и јас всушност понекогаш мастурбираме еден пред друг. Мислам дека таа повеќе го сака тоа од мене, затоа што првиот пат таа беше иницијаторот и беше навистина возбудливо. Доколку не сте се обиделе, треба." T. Д.

"Значи, во рамките на разумот, можам да мастурбирам секогаш кога тоа ќе го посакам. Обично не ми е потребно многу време. Лесно езабавно и се чувствувам добро. Не ме сфаќајте погрешно, јас секогаш попрво би водел љубов со мојата девојка, но таа не е секогаш расположена за акција." К. Б.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg