modnatochka.kh.ua

Долгите врски ја намалуваат сексуалната желба кај жените

Sexual Desire

Сексуалната функција е важна компонента за сексуалното здравје на жената и нејзината севкупна здравствена благосостојба. Новите истражувања го проучуваат односот помеѓу женската сексуална функција и промените кои настануваат кога жената е во една моногамна стабилна врска подолг временски период.

Овие истражувања фрлаат светлина на женската сексуална функција така што го разгледуваат односот помеѓу некои женски сексуални функции во текот на долг временски период. Користен е метод со употреба на „женски индекс на сексуална функција - краток прашалник кој мери специфични области на сексуалните функционии кај жените, како на пример сексуална возбуда, оргазам, сексуално задоволство и присуството на болка за време на сексот.

Од испитувањата е утврдено дека најстабилен период за жените да доживеат оргазам е периодот во врската во првите 7 години, а воедно во истиот период сексуалното задоволство е и најпроменливо.

Земени се предвид можните влијанија од возраста и времетраењето на врската.

Брачниот статус негативно влијаел на сексуалната желба со текот на времето.

Истражувањето покажа дека жените кои биле во една единствена моногамна врска во период од 7 години имале најголемо намалување на сексуалната желба.

Спротивно на тоа, жените кои што започнале врска со нов партнер во текот на траењето на студијата немале пријавено намалување на сексуалната желба.

Жените кои биле „сингл“ пријавиле стабилна сексуална желба.

Во текот на истражувањето е забележано дека жените со нов партнер за разлика од жени кои не се во постојана врска имале пониски резултати кога станува збор за оргазмичната способност, но овие резултати се повисоки во однос на жените кои биле во една постојана врска во период од 7 години.

 Man and Woman

Заклучокот на истражувачите е дека факторот „долга врска“ навистина има влијание врз сексуалната функција кај жените. Како резултат на тоа, здравствените работници треба да ги земаат предвид овие специфични партнер-фактори кога ја третираат сексуалната дисфункција кај жените.

Ограничувања на студијата

Студијата не ги испитувала сексуалните дисфункции.

Авторите немале пристап до податоците за соживот.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg