modnatochka.kh.ua

Користење сауна: Кои се придобивките и ризиците за здравјето?

Sauna

Сауните се користат со стотици години и сеуште се популарни и денес. Многу луѓе уживаат да седат во сауна за да се олабават и релаксираат. Времето поминато во сауна не само што прави да се чувствувате добро и релаксирано, туку може да има и дополнителни придобивки за здравјето.

Типична сауна е една обична и многу загреана соба. Традиционалните фински сауни се така проектирани за да постигнуваат сува топлина.

Релативната влажност на воздухот најчесто е помеѓу 10 и 20%, но исто така има и видови на сауни каде што влажноста е повисока. На пример турските сауни се со поголемо ниво на влажност.

При престојот во саунатемпературата на кожата може да се покачи на околу 40° C. Кога се зголемува температурата на кожата, организмот реагира со силно потење. Срцето одеднаш почнува да работи забрзано, бидејки загреаното тело се обидува да ја намали температурата. Затоа, за многу кратко време поминато во сауна преку потење се губи и до половина литар течност.

Видови на сауни

Во зависност од тоа како сауната се загревапостојат неколку типови.

  • Загревање со горење на дрва: дрвото се користи за затоплување на камења во сауната, па така и на самата сауна. Сауните кои користат дрва за загревање обично имаат мала влажност и висока температура.
  • Загревање со електрична струја: Слично на сауните на дрва, електричното загревање дава висока температура и ниска влажност. Овие сауни користат електрична греалка, која е поставена во подот со цел да се загрее просторијата.
  • Загревање со инфрацрвени зраци: Сауните со инфрацрвени зраци се различни од оние на дрва и од сауните на електрична енергија. Се користат специјални лампи за да се загрее телото на едно лице, а не се загрева целиот простор. Сепак и во овој случај се загрева просторијата, но за разлика од другите видови сауни температурите се доста пониски. Обично, инфрацрвените сауни постигнуваат температури околу 60 °C.
  • Загревање со пареа: Сауните кои се загреваат со пареа не се од традиционален тип,  но се нарекуваат сауни бидејќи имаат сличен ефект. Наместо да користи сува топлина, просторијата со пареа има и влага и топлина.

Потенцијални придобивки за здравјето

Без оглед на тоа како сауната се загрева и колква е влажноста, ефектите врз телото се слични. Кога едно лице се наоѓа во сауна, работата на срцето се засилува, а крвните садови се шират. Ова ја зголемува циркулацијата.

Ефектите врз телото од употребата на сауна воглавно се позитивни. Зголемената циркулација може да помогне да се намалат болките во мускулите, да се подобри движењето на зглобовите и да се намалат болките предизвикани од артритис. Топлината во сауната е одлична за релаксација што го подобрува чувството на задоволство и добросостојба.

Една студија спроведена во Финска го потврдува фактот дека зголемената употреба на сауна е поврзана со намален ризик од кардиоваскуларни болести.

Лицата кои користат сауна два до три пати неделно имаат намалена стапка на смртност заради срцеви проблеми 22% помалку од оние кои користеле само еднаш неделно.

Резултатите се уште поубедливи кај лица кои користат сауна почесто. Оние кои користат сауна четири или повеќе пати неделно имаат 63% помала стапка на смртност од кардиоваскуларни заволувања за разлика од оние кои користеле еднаш неделно или не користеле воопшто.

Седењето во сауна има кардиоваскуларни ефекти слични на умереното вежбање. Ритамот на срцето се зголемува и до 150 отчукувања во минута, па така оваа зголемена циркулација дава слични ефекти како и оние од вежбањето.

Употребата на сауна може да ја подобри функцијата на срцевите клетки. Клетките во срцевите артерии играат важна улога за количината на крв што протекува низ срцето. Подобрување на функцијата на овие клетки ја подобрува и работата на срцето во целина.

Воедно, ефектот на намалување на нивото на стрес при користење на сауна делува и на намалувањето на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Sauna1

Ризици по здравјето и мерки на претпазливост

Генерално умерената употреба на сауна е безбедна за повеќето луѓе. Но, префрлување од топла сауна во базен со студена вода не е препорачливо, бидејки може да го зголеми крвниот притисок.

Употребата на сауна може да предизвика и пад на крвниот притисок, па затоа лицата со низок крвен притисок треба да разговараат со својот лекар за да бидат сигурни дека користењето сауна е безбедно за нив. Исто така лицата кои неодамна имале срцев удар треба да се консултираат со својот кардиолог.

Еден од најголемите ризици при користењето сауна е дехидрирањето или губењето на течности заради потењето. Луѓето со одредени здравствени проблеми, како што се болести на бубрезитесе изложени на поголем ризик од дехидрирање. Зголемувањето на температурата кај некои луѓе може да доведе до вртоглавица и гадење.

Мерки на претпазливост кои треба да се превземат за да се избегнат било какви негативни ефекти по здравјето

Избегнувајте пиење алкохол: Алкохолот може да го зголеми ризикот од дехидрирање бидејќи заради поинтензивното мокрење телото губи повеќе вода.

Ограничете го времето поминато во сауна: Не поминувајте повеќе од 20 минути во сауна. Луѓе кои никогаш претходно не користеле сауна треба да го ограничат времето на 5 до 10 минути. Дури откако ке се навикнат на топлината, полека може да се зголемат времето на околу 20 минути.

Пијте многу вода: Без оглед на видот на сауната, важно е да се надоместат течностите кои се губат заради потењето. По употребата на сауна треба да пијат две до четири чаши вода.

Избегнувајте употреба на сауна ако се чувствувате лошо: Луѓето кои се болни треба да почекаат додека целосно не се опорават пред да користат сауна. Жените кои се бремени или пак оние со одредени здравствени проблеми обавезно треба да се консултираат со својот лекар пред да користат сауна.

Коментирај

Безбедносен код
Обнови

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg