modnatochka.kh.ua

Здравствен хороскоп

 

 

   НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ЗДРАВЈЕ И ПСИХОФИЗИЧКА БЛАГОСОСТОЈБА

              22-ри Август  28-ми Август

Овен  21.3. - 20.4.

Ова е одлично време за одмор. Обидете се да излезете на свеж воздух и да поминете доволно време во природа. Ако за празниците имате намера да одите на плажа, а тоа не може да си го остварите или пак ви треба нешто повеќе авантуристички, размислете за пешачење по планините или кампување во шума. Ова ќе ве поврзе со природата, а како резултат ќе се чувствувате многу подобро. 

Бик  21.4. - 21.5.

Вашиот фокус е да бидете поактивни во сите области од животот, вклучувајќи го и вашето здравје. Влијанието на планетите ве поттикнува да ја искористите вашата имагинација за да ги решите здравствените проблеми како и да достигнете нови повисоки цели кои се однесуваат на здравјето. Тоа подразбира визуелизација на самите себеси онака како што би сакале да бидете, а при тоа да не се жалите на тоа  што не сте го оствариле. Со оваа техника можете да постигнете големи резултати ако ја практикувате на вистински и позитивен начин.

 Близнаци  22.5. - 21.6.

Вселенските влијанија укажуваат на тоа дека сега треба да превземете дополнителна грижа за вашите нозе. Доколку чувствувате дека нозете не ви се во најдобра состојба, време е да им посветите поголемо внимание. Посетете педикир и држете ги нозете нагоре секогаш кога за тоа имате можност. Педикирот ќе ги среди вашите нокти и ќе ја измазни насобраната „мртва“ кожа. Ако го правите ова редовно, наскоро ќе се чувствувате како да одите по облаци.

Вселенските влијанија укажуваат на тоа дека сега треба да превземете дополнителна грижа за вашите нозе. Доколку чувствувате дека нозете не ви се во најдобра состојба, време е да им посветите поголемо внимание. Посетете педикир и држете ги нозете нагоре секогаш кога за тоа имате можност. Педикирот ќе ги среди вашите нокти и ќе ја измазни насобраната „мртва“ кожа. Ако го правите ова редовно, наскоро ќе се чувствувате како да одите по облаци.

Рак  22.6. - 22.7.

  

Влијанието на планетите во овој период ќе ви донесе многу емоции. Вообичаено, вие не сте вид на човек кој наоѓа утеха во јадење или претерано уживање, но деновите што претстојат може да се покажат како исклучок. Ако јадете премногу порции десерт или тестенини, за миг застанете. Запрашајте се која е вистинската причина за тоа и дали е потребно да ги консумирате овие работи. Тоа веројатно нема никаква врска со реална глад.

Лав  23.7. - 23.8.

Секогаш е од голема помош да се има стратегија за да можете да останете на вистинскиот пат кога станува збор за вашето здравје. Вие често може да имате одлични идеи за тоа што сакате да го постигнете. Ќе ви биде многу полесно ако одите чекор по чекор, наместо да се обидувате да ги достигнете своите цели во рекордно време. Доколку навистина сакате да се чувствувате одлично, немојте да губите надеж и да се обесхрабрувате.

Девица  24.8. - 23.9.

Добриот став секогаш претставува одличен градител на доверба и е благодет за целокупното здравје. Со цел да ги средите сите потенцијални проблеми со држењето на телото, можеби ќе посакате да пробате нешто од типот на Јога или Таи Чи. Исто така, многу ќе помогне ако  бидете свесни за вашето тело додека одите, стоите, седите или се занимавате со било каква активност. Ако го правите ова, за краток период ќе научите да го корегирате и општото ваше мислење.

 Вага  24.9. - 23.10.

Кога станува збор за остварување и исполнување на зацртани цели вие сакате да ги проширите своите хоризонти, но сепак некако изгледа дека сте заглавени во секојдневните рутини. Размислувајте слободно и пробајте нешто ново бидејќи постојат толку многу начини да уживате во вежбањето. Ако ве привлекува некој спорт во кој никогаш не сте се обиделе, пронајдете некоја неформална група на која би можеле да и се приклучите. Ако тоа не ви одговара, секогаш можете да се префрлите на нешто друго,. Продолжете да се обидувате додека не го пронајдете она што го сакате.

Скорпија  24.9. - 23.10.

Вие можеби поседувате цел магацин на ДВД-а за вежбање и можеби одбирате да погледате и да повежбате по некое од нив одвреме-навреме. Но, доколку не ги користите постојано, тие нема да ви помогнат да дојдте до посакуваната форма, кондиција или намалување на телесната тежината. Изберете ја вашата омилена практика, направете цврст договор со себе и користите го секојдневно во наредните две недели, па ќе видите колкав ќе биде вашиот напредок. Ако забележите успех, ќе бидете мотивирани да продолжите.

Стрелец  23.11. - 21.12.

Почувствувајте го своето тело. Стапете во контакт со него, слушајте го и го ценете го. Прифатете го своето тело онакво какво што е, без оглед на тоа дали е во согласност со некој друг стандард на убавина. Обидете се да танцувате за да изразите некои од емоциите што можеби се заклучени во вас, оние кои ви е тешко да ги изразувате. Ова е особено добра вежба и би било добро да се обидете во овие моменти.

Jарец  21.12. - 21.1.

Во изминатиот период можеби сте претрпеле некакви назадувања во однос на вашето здравје. Сепак, оваа ситуација би требало да заврши за многу кратко време. Сега за сега бидете трпеливи. Ако имате некаква повреда на одреден дел од телото што го отежнува вежбањето, пред сè направете кратка пауза за рехабилитација. Работете полека и направете го сето она што е потребно за да функционирате правилно. Одделете си доволно време за себе.

Водолија  21.1. - 19.2.

Време е да се одморите. Планетите укажуваат на тоа дека треба да забавите ако сакате да ја намалите тежината или да влезете во добра форма, а не да се обидувате да го направите тоа брзо. Размислете за тоа што би сакале да го постигнете и зошто. Направете некое време пауза од вашата вообичаена исхрана и навиките за вежбање. Паузирајте некое време за да „легне“ организмот и прославете го успехот кој сте го постигнале. Потоа повторно можете да ги обновите вашите напори.

Риби  20.2. - 20.3

12

Можеби не се чувствувате толку лесно во нозете како што сте се чувствувале пред неколку месеци. Имате впешаток како некој невидлив товар да ве влече надолу. Ова се должи на влијанието на планетите, кое понекогаш може да предизвика цврстина и напнатост на мускулите, дури и во моментите кога редовно вежбате. Можеби ќе треба да внесувате рибино масло или некакви други додатоци за вашите зглобови да останат флексибилни. Тоа значително би можело да ве ослободи од напнатоста и да ви даде нов поттик во животот.

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1