modnatochka.kh.ua

Здравствен хороскоп

 

 

   НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ЗА ЗДРАВЈЕ И ПСИХОФИЗИЧКА БЛАГОСОСТОЈБА

              09-ти Мај  15-ти Мај

Овен  21.3. - 20.4.

Вие сега имате многу енергија на располагање, а тоа треба да биде добрата вест. Во желба да напредувате можеби ќе треба да обрнете малку повеќе внимание на себе. Во истиов период би можело да претерувате доколку се обидувате да направите премногу кога станува збор за вашето вежбање и фитнес. Ова е особено случај ако сте нервозни и ако сакате за кратко време да постигнете максимални резултати од вашето вежбање. Ако вежбате паметно, а не премногу напорно, ќе ја забележите разликата.

Бик  21.4. - 21.5.

Сега е време да го преиспитате вашиот дневен распоред и да одлучите како би можеле најдобро да ја употребите вашата енергија со цел максимално да го искористите поголемиот дел од денот, а сепак да останете во врвна форма. Воедно би можеле да имате наплив од премногу нервозна енергија, но долгите прошетки или неколку минути поминати во базен би биле добро решение за да се справите со тоа. Во вашиот распоред би можеле да вклучите повеќе редовно вежбање, а со тоа ќе се чувствувате и многу подобро. Уживајте во здравствените придобивки кои ќе бидат резултат на ова.

 Близнаци  22.5. - 21.6.

Вие сте под многу поголем стрес за разлика од она како што сте биле во последно време. Можеби тоа е резултат што сте постојано на работ кога се зборува за вашата финансиска состојба. Обидете се со нешто поразлично од типот на масажа или купка со некои релаксирачки билки, а лековитите ароми ќе им помогнат на вашите мускули да се чувствувате прекрасно. Бидејќи ова е период кога е можно да имате интензивно дружење, погрижете се да внесувате многу вода и да избегнувате премногу масна храна. Придржувајте се до она што е навистина здраво.

 Рак  22.6. - 22.7.

  

После периодот на предизвици вие повторно си ја враќате вашата сила. Не дозволувајте овој бурен период да ви го ускрати уживањето во животот во потполност. Гответе вкусни јадења и хранете се здраво. Дадете си шанса да отидете порано на спиење и завиткајте се во удобни и мирисливи чаршафи. Во моментите кога излегувате на прошетки уживајте во убавите глетки и звуците од природата. Вашите убедувања поврзани со здравјето секогаш оставаат голем печат на вас. Обрнете внимание на нив.

Лав  23.7. - 23.8.

Вие би можеле да бидете многу повеќе свесни за ограничувањата предизвикани од здравствените проблеми отколку за начините и можностите за лекување. Обидете се да се фокусирате на достапните третмани, бидејќи тоа може да ве охрабри да размислувате и да изнајдете начин како побрзо да се излекувате и закрепнете. Истражувајте ги и вообичаените и помалку познатите методи. Планетите ви даваат шанса да направите нов почеток. Овој пат веројатно ќе се придржувате на замисленото.

Девица  24.8. - 23.9.

Немојте да се изненадите ако ви се одложуваат некои третмани или ако има некаква конфузија околу одреден здравствен проблем. Ако сметате дека дијагнозата не е точно поставена, побарајте второ мислење. Инсистирајте да го добиете тоа што е потребно. Ако често јадете надвор, побарајте таков ресторан кој добива добри оценки. Постои голема шанса да каснете нешто што не му одговара на вашиот организам. Земајте витамини и минерали за да си помогнете и да се заштитите од инфекции.

Вага  24.9. - 23.10.

Се движите низ период на прочистување на сите нивоа. Опуштањето и исфрлањето на незадоволство или горчината е исто толку важно како и чистењето на токсините од вашето тело. Ако сè уште не сте се обиделе со кратка диета за детоксикација, можеби би можеле да започнете и да направите од тоа редовна навика. Деновиве ќе посакате да обрнете повеќе внимание на вашата исхрана заради многу причини. Во овој момент тоа е зради обликување на вашето тело со цел да бидете подготвени за романса.

Скорпија  24.9. - 23.10.

Можеби ќе се одлучите да се вратите на некој третман со кој веќе сте се обиделе во минатото. Можеби сте инспирирани од резултатите што другите ги имале и заради некои многу убедливи успешни сведоштва. Но, можно е да мислите на тоа како на луксуз и да се прашувате дали би можеле тоа да го направите поскромно или целосно да го избегнете, но имајте на ум дека инвестирањето за себе ќе вреди за парите доколку ви помогне на било кој начин. Вие го заслужувате тоа и затоа слушајте ја вашата интуиција.

Стрелец  23.11. - 21.12.

Влијанието на планетите ќе ве охрабрува да погледнете одблизу и сериозно да размислите за тековните здравствени проблеми. Она што го чувствувате може да биде предизвикано од страна на длабоко незадоволство и токсични емоции. Познато е дека овие работи имаат негативен ефект врз здравствената благосостојба на луѓето. Колку подлабоко го разберете ова и колку повеќе имате желба да истражувате за вашето минато, да си простите сами на себе и да продолжите понатаму, толку поздрави ќе бидете. Ова е добро време да се инвестира во опрема за вежбање или некаква друга спортска опрема.

Jарец  21.12. - 21.1.

Животот е многу полесен сега. Нема предизвици да се средуваат. Заканата од помали инфекции сеуште е актуелна, но ако си овозможите доволно одмор и забава лесно ќе ги одбегнете. Друг мал здравствен проблем со кој би можеле да се соочите е некаква тензична главоболка. Тоа нема да се должи на ништо особено. Многу е веројатно да биде резултат од вашето чувство на возбуда за животот. Смеата може да биде најдобриот лек. Затоа, пружете си повеќе забава.

Водолија  21.1. - 19.2.

Во овој период нема вистински стресови кои би можеле да ви бидат некаков предизвик. Сепак, се уште треба да превземете дополнителна заштита за некои аспекти од вашето здравје. Важно е да бидете со отворен ум за сите можни симптоми и третмани. Има повеќе од еден начин да направите било што. Ако вашата интуиција ве поттикнува да се обидете на некој друг начин, направете го тоа. Можеби ќе бидете во расположение да дознаете нешто повеќе за здравствените проблеми. Вашите напори ќе ви отворат нови перспективи.

Риби  20.2. - 20.3

12

Животот кон вас се однесува добро, па затоа земете си неколку дена да се опуштите и да уживате во вашето добро здравје. Изминатите предизвици со кои се соочувавте можеби ви донеле дополнителен стрес, но тоа сега веќе е минато. Влијанието на вселенските тела може да ве натера да сакате да се пофалите со одредени предмети или спортска опрема кои ви помогнале во вашата потрага по одлична форма и добро здравје. Можеби дури и ќе посакате да организирате тренинг простор во вашиот дом или да ја реорганизирате вашата кујна, со цел поздраво да се храните.



Site Map

By putting all of your content into nested categories you can give users and search engines access to everything using a menu.


Подкатегории

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1