modnatochka.kh.ua

Делотворен народен лек за исфрлање на камења од бубрег и жолчка

Mixture

Еден од најчестите здравствени проблеми во нашите краишта претставува појавата на камења во бубрезите и жолчката.

Со цел да се избегнат тешки и инвазивни конвенционални методи кои ги практикува медицината, ви нудиме еден веќе проверен народен рецепт кој ќе помогне да се стопат и исфрлат каменчињата од организмот.

Состојки:

250 гр.  Шеќер во прав

250 мл. Ладно цедено маслиново масло

250 гр.  Лимун заедно со кората

250 гр.  Корен од магдонос (сомелен)

250 гр.  Мед

Подготовка:

Лимунот треба добро да се измие и доколу е прскан (најверојатно е, бидејќи малкумина имаат сопствено растение кое не е прскано) треба да одстои 10-тина минути во раствор со сода бикарбона и потоа повторно добро да се исплакне.

Лимунот исечете го на парчиња и измелете го во блендер. Коренот од магдонос, исто така треба да се измие, да се излупи и да се измеле во блендер како и лимунот.

Измешајте го лимунот и коренот од магдонос и додајте го медот и маслиновото масло. На крај, додајте го шеќерот во прав и сето тоа добро измешајте го за да добиете една хомогена смеса.

Смесата треба да се чува во фрижидер во стаклена тегла.

Употреба

За камења во бубрег и жолчка наутро „на гладно“, земајте по една супена лажица и исто така земајте една супена лажица навечер пред спиење. За целосно ослободување од каменчињата во бубрезите и жолчката потребно е да се испијат две дози. Но, вие ќе си подготвите прво една доза, а потоа ќе си ја подготвите втората затоа што смесата е расиплива и не може да стои долго време.

Вкусот на овој народен лек е пријатен и е многу здрав во секој поглед. Додека се употребува овој народен лек треба да се внесуваат што повеќе течности, а најдобро е да се пие вода.

Досега се покажало дека овој народен лек е исклучително успешен и делотворен.

Kocka za on-line aplikacija

ДАЛИ ЗДРАВСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА Е НА ПОТРЕБНОТО НИВО?
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
  • Гласови: 0%
Вкупно гласови:
Прв глас:
Последен глас:

Se za zdravjeto - forum

Untitled 1

Калкулатор за мерење на телесна маса

Висина
Cm
Тежина
Kg
Индекс на вашата телесна маса
0
  • ADHD.healthinfo.jpg
  • Aluminium.jpg
  • Alzheimer.jpg
  • aneurismus.jpg
  • artritis.jpg
  • Colon.healthinfo.jpg
  • CTScan.jpg
  • DNA.jpg
  • estrogen.jpg
  • glucose-test.jpg
  • having-sex.healthinfo.jpg
  • healthinfo-logo.jpg
  • hemorrhoids.jpg
  • injection.jpg
  • invitro.healthinfo.jpg
  • Jet-Lag.jpg
  • lab.jpg
  • Lasertreatment.healthinfo.jpg
  • lences.jpg
  • magnesium.jpg